Помодарство или суперхрана, но докажано дека го намалува ризикот од срцев удар за 21. процент

Една неодамнешна студија покажала дека конзумирањето авокадо го намалува ризикот од срцев удар и’ кај мажите и кај жените, особено кога се јаде наместо путер, сирење или преработено месо.
Според Светската здравствена организација (СЗО), кардиоваскуларните болести се водечки убиец во светот, одземајќи речиси 18. милиони животи секоја година.
Студијата објавена во списанието на Journal of American Heart Association покажала дека консумирањето најмалку две порции авокадо неделно го намалува ризикот од срцев удар за 21. отсто во споредба со избегнувањето или реткото консумирање авокадо.
Авторот на студијата, Лорен Пацек, која исто така е соработник на одделот за исхрана на Факултетот за јавно здравје на Харвард, истакнала дека една порција авокадо се смета за половина од авокадо или половина чаша од ова тропско овошје, со тежина од приближно 80 грама.

This image has an empty alt attribute; its file name is avokado-1024x542.jpg
„Иако ниедна храна не е решение за рутинска здрава исхрана, оваа студија е доказ дека авокадото има потенцијални здравствени придобивки“, рекла Шерил Андерсон, претседател на Советот за епидемиологија и превенција на Американското здружение за срце (АХА).
Таа истакнала дека „потребни се стратегии за да се подобри внесувањето на здрава исхрана препорачана од АХА, како што е медитеранската исхрана која е богата со зеленчук и овошје“.
Студијата следела повеќе од 68.000 жени и 41.000 мажи кои биле вклучени во две долгорочни владини студии за факторите на ризик за хронични болести: Студијата за здравје на медицинските сестри и Студијата за следење на здравствените работници.
Учесниците немале карцином, коронарна срцева болест или мозочен удар на почетокот на студијата и пополнувале прашалници за исхрана на секои четири години во период од 30. години, пишува CNN.
Покрај разгледувањето на целокупното влијание на конзумирањето авокадо, истражувачите спровеле статистичко моделирање и откриле дека консумирањето половина порција авокадо, што е четвртина чаша дневно наместо исто количество јајце, јогурт, сирење, маргарин, путер или преработено месо го намалува ризикот од срцев удар за 16 до 22 проценти.


This image has an empty alt attribute; its file name is avokado-1024x576.jpg
Сепак, студијата не нашла разлика во намалувањето на ризикот доколку половина порција авокадо се замени со еквивалентна порција јатки, маслинки и други растителни масла.
Дејвид Кац, специјалист за превенција од болести и здрава исхрана, вели дека има смисла, бидејќи здравствените придобивки зависат од тоа која храна ќе се замени.
„Ако, на пример, вообичаената замена беше помеѓу авокадо и ореви или бадеми, здравствените ефекти веројатно би биле занемарливи, бидејќи храната има слични хранливи својства и очекувани здравствени ефекти“, рекол тој.
Но, како што вели, доколку авокадото би го заменило путерот и маргаринот како намаз или би се земало наместо месни производи или сирење, „разликите во исхраната би биле големи“ и се очекува тоа да го промени здравствениот исход.
Друга храна што треба да се вклучи и има големи здравствени придобивки вклучуваат грав, наут и леќа, „а можеби и цели зрна и сродни семиња како киноа“, рекол Кац.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. СОВЕТИ, ДАЛИ Е ТОЈ ВИСТИНСКИОТ МАЖ ЗА ВАС! Обрнете внимание на следните работи…

До моментот кога ќе дојдете до четвртиот состанок, честопати треба да одлучите дали сериозно да …