(ФОТО) Медведев соопштил лоши вести

Рускиот тенисер Данил Медведев ќе ја пропушти цела сезона на земјена подлога.
Медведев нема да биде на терените најмалку два месеци, бидејќи ќе мора да паузира поради повреда.
Русинот изјави дека е повреден, поточно дека има проблеми со стомакот кој долго време го мачи.
Медведев и неговиот тим одлучиле да направат операција за да го решат проблемот.

Тој изјави дека ќе биде надвор од терените месец-два и дека ќе се врати на терен дури кога ќе заврши сезоната на земја.
Тој им се заблагодари на сите за поддршката.


This image has an empty alt attribute; its file name is danil-medvedev-1.jpg

Иако не успеа да ја заземе првата позиција на листата, ја намали разликата во однос на Ѓоковиќ која сега е на само 10 бода.
Треба да се каже дека српскиот ас брани уште многу бодови на земја. Од друга страна, Медведев сигурно не е играч кој сака и знае да го прикаже најдобриот тенис на земјена подлога, а сега нема ни да игра.


Генерално, Новак во следните два месеци ќе брани 3.530 поени, наспроти 790-те што Русинот ги собра „таму“ претходната пролет.
Минатата сезона Ѓоковиќ ги освои Ролан Гарос и Белград опен, играше во финалето на Рим, полуфиналето на Србија опен и осминафиналето во Монте Карло.
Медведев тогаш не играше многу, а немаше ни многу успех. Најголемото го направи на Грен слемот во Париз, каде стигна до четвртфиналето, во Мадрид беше елиминиран во осминафиналето, додека во Рим беше елиминиран во второто коло.
На Ѓоковиќ е сега да ги одбрани бодовите и ќе остане на првото место.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Крис Атовска се сретнала со Виталиј Алексеевич – еден од сведоците на Чернобил: „Го имав најубавиот ден во последните 5. години!“

Новинарските патишта се непредвидливи а Крис Атовска во својотпост опишала една од нив… „Долг и …