(ВИДЕО) Момче (3) користи стол за да се грижи за својот татко во вегетативна состојба

ЛИУ На (31) не очекувала нејзиното видео да стане вирално откако го објавила на кинеската социјална мрежа Douyin. Во видеото, нејзиниот син Туту се качува на стол за да ја прилагоди главата на својот татко, кој лежи во кревет во вегетативна состојба.
„Кога Туту требало да дремне, забележал дека главата на татко му паднала од перницата на страна, па дошол да му помогне да ја намести“, изјавила таа за South China Morning Post.
Лиу поставила камера во куќата за да може да ја следи состојбата на нејзиниот сопруг Динг Јонг (33) кога и да е отсутна. Таа рекла дека така дознала за трогателниот гест на нејзиниот син. Таа додала дека момчето во тоа време било само со својот татко бидејќи таа била на работа, а бабите и дедовците ги извршувале домашните обврски.


„Беше потресно да се види како тој толку напорно се обидува да се грижи за својот татко“, додала таа.
Динг претрпел мозочно крварење на 27. февруари 2020. година и оттогаш е во вегетативна состојба.
„Работам на градилиште, извршувам административни работи. Работата ми помага да не плачам постојано”, истакнува Лиу.
Туту ги копира возрасните и се обидува да ги имитира кога сака да му помогне на својот татко. Мајката еднаш рекла: „Сакам да пораснам во Ултрамен за да го заштитам тато“.

Фото: Принтскрин:YouTube/Douyin


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто мажите ја губат главата поради жените со облини?

Сите знаат дека мажите сакаат жени со облини, но зошто? Има ли друг одговор на …