(ФОТО) Македонските фудбалери со кренати глави се простија од СП: „Ова беше авантура во која никој не веруваше и јас сум горд сум на овој тим, на оваа екипа, зашто го шокиравме светот!“

Репрезентацијата на Португалија се пласираше на Светското првенство во Катар откако ги доби дополнителните квалификации против Македонија.

Со двата гола на Бруно Фернандез, натпреварот во Порто заврши 2:0, што значи дека е прекината одлична серија на Македонија, но и дека Кристијано Роналдо и соиграчите ќе бидат учесници на Светското првенство.

loading...


Македонија во квалификациите за СП ги совлада Германија, па Италија која нема да го види Мундијалот, но не успеа да ја направи третата сензација и првпат да се пласира на СП.

Треба да бидеме горди на нашите фудбалери кои срцето и душата ги оставија на теренот, на секој натпревар…
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски рече: „Македонија со високо кренати глави си заминува. Честитки за Португалија, но ова беше авантура во која никој не веруваше и јас сум горд сум на овој тим, на оваа екипа, зашто го шокиравме светот. Сега треба да продолжиме да работиме и да веруваме“.

-Кога играте против вака големи тимови, не смеете да погрешите. Со играчи како Бруно Фернандеш и Роналдо не смеете да потфрлите, но тоа се случи и Португалија искусно го искористи. Дадовме сè од себе за да израмниме, но примивме уште еден гол, истакна тој.
За натпреварот со Португалија се огласи и премиерот Димитар Ковачевски:

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …