Ова се знаци дека имате НИСКО НИВО НА ШЕЌЕР ВО КРВТА: Внимавајте, може да биде МНОГУ ОПАСНО

Повеќето луѓе го поврзуваат дијабетесот тип 2 со постојано висок шеќер во крвта, но, како што објаснила д-р Ефтимија Кара, ендокринолог во болницата „Принцес Греј“, нискиот шеќер во крвта исто така може да биде сериозна закана.
Дијабетесот тип 2 е честа состојба во која телото не успева да го стабилизира нивото на шеќер во крвта. На телото му треба здраво снабдување со шеќер за нормално да функционира, но ако нивото на шеќер во крвта стане премногу ниско или високо, тоа може да предизвика оштетување.
Повеќето луѓе го поврзуваат дијабетесот тип 2 со постојано висок шеќер во крвта, но, како што објаснила д-р Ефтимија Кара, ендокринолог во болницата „Принцес Греј“, нискиот шеќер во крвта исто така може да претставува сериозна закана.
– Без третман, нискиот шеќер во крвта може да доведе до губење на свеста, напади и со текот на времето да стане сериозен ризик за животот – објаснила таа.
Хипогликемијата (медицински термин за низок шеќер во крвта) обично се должи на употребата на инсулин или други лекови кои го контролираат шеќерот во крвта кај дијабетичарите.
– Клучни се свесноста за симптомите поврзани со хипогликемијата и едукацијата на пациентите – изјавила д-р Кара
Исто така, се препорачува пациентите и здравствените работници да ја прошират својата едукација и свест за хипогликемија на блиските пријатели и семејството на пациентот за да можат да помогнат во проблематичните случаи.

На што треба да внимавате?
Како што објаснила докторката, секое пецкање или чешање во устата е најчест знак за низок шеќер во крвта.
Други знаци може да бидат:
– Вртоглавица и гадење
– Глад
– Треперење или нервоза
– Потење
– Забрзан пулс
– Слабост и замор
– Главоболка


This image has an empty alt attribute; its file name is dijabetes-tip-2-pak.jpg

Како да се реагира?
Според д-р Кара, ако некое лице одеднаш има симптоми, мора итно да јаде храна со високо ниво на јаглехидрати. Јаглехидратите релативно брзо се разградуваат во гликоза, и лесно ќе го зголемат нивото на шеќер во крвта.


Д-р Ефтимија Кара ги препорачува следните јаглехидрати:
– Таблета за гликоза
– Густ сок
– Коцка шеќер
– Бонбони

Според Светската здравствена организација, ако имате дијабетес, постојат совети кои можат да ви помогнат да ги намалите шансите за низок шеќер во крвта.
Една од виталните мерки на претпазливост е редовно да го проверувате нивото на шеќер во крвта и да ги знаете сите можни симптоми.


Совети на СЗО
Секогаш носете со вас слатка закуска или сок. Не ги прескокнувајте оброците. Бидете внимателни кога пиете алкохол. Не пијте големи количини за краток временски период и избегнувајте да пиете на празен стомак.
Бидете внимателни кога вежбате. Јадењето нешто што содржи јаглени хидрати пред вежбање може да помогне да се намали ризикот од хипогликемија. Ако користите инсулин, можеби е подобро да земете помала доза пред или после напорно вежбање.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НЕ ИЗГЛЕДА ВУЛГАРНО! НАЈУБАВАТА РУСИНКА НА ПЛАНЕТАТА СИНОЌА ШОКИРАЛА СО МРЕЖЕСТ ФУСТАН: Еден детал на аутфитот ги крие НАЈИНТИМНИТЕ делови од нејзиното тело!

Во неделата вечер во Лондон познатите убавици од светот на модата се собраа на престижна …