(ВИДЕО) ШОН ПЕН ПРВО ИЗБЕГА, А СЕГА СЕ ВРАТИЛ ВО УКРАИНА: Рече дека ќе си ги уништи Оскарите поради Зеленски, а еве колку му било важно годинешното доделување на наградите

Оскаровецот Шон Пен (61) во понеделникот вечерта по 26. дена се врати во Украина. Причината за првата посета била снимањето на документарен филм за руската инвазија, а сега е во Лавов поради хуманитарна помош.
Тој на Твитер објави дека е во Украина, поточно во Лавов каде им помага на бегалците. Тој на социјалната мрежа објави фотографија со гувернерот Максим Козитски.


Неговата добротворна организација работи на обезбедување сместување и образование за украинските бегалци во Полска.
Во пресрет на Оскарите, Пен се закани дека ќе ги уништи сите негови златни статуи доколку Академијата не му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да се обрати на церемонијата на доделување награди.

View this post on Instagram

A post shared by Sean Penn (@seanpenn)


– Нема ништо поголемо што може да направи церемонијата на Оскар од тоа да му даде можност на Зеленски да разговара со сите нас. Сфатив дека е донесена одлука е да не се направи тоа. Не коментирам дали претседателот Зеленски го сакал тоа или не – рекол Пен.

– Ако Академијата одлучи да не го поддржи раководството во Украина и луѓето кои добиваат куршуми и бомби за нас, заедно со украинските деца што се обидуваат да ги заштитат, тогаш мислам дека сите овие луѓе и секој дел од таа одлука ќе биде најнепристоен момент во историјата на Холивуд. додал актерот.
– Не ги следеше Оскарите – открил за CNET извор близок на актерот.
Засега не се знае дали актерот ги уништил своите Оскари (ги има пет) како што најавуваше.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Поранешниот словенечки претседател го продава својот автомобил од 1991 година

Пред неколку дена Борут Пахор се пофали дека неговиот Рено 4 и официјално станал олдтајмер. …