(ВИДЕО) ДОЗНАЛА ДЕКА ДЕЧКО И ВЕЌЕ ИМА ИМА ДЕВОЈКА, ПА БРУТАЛНО МУ СЕ ОДМАЗДИЛА: Поради нејзиниот потег „горат“ социјалните мрежи!

Дали е ова најлудата одмазда досега?
Сознанието дека трето лице е присутно во нивната врска предизвикало неверојатен гнев кај неа.
Клариса, корисничка на платформата TikTok, открила дека момчето со кое се гледа всушност има девојка.
Таа на оваа социјална мрежа објавила што и се случило, но го споделила и генијалниот начин на кој се одмаздила.
Кога пристигнала во станот на момчето со кое била во врска, на неговиот телефон забележала фотографии од него и неговата девојка. Отишла во тоалет, а таму нашла комода полна со шминка.
Таа сфатила дека не сака само луто да истрча од станот. Наместо тоа, таа се смирила и смислила креативен начин да и даде до знаење на другата девојка дека нејзиното момче ја изневерува.
Земала парче тоалетна хартија, на кое со кармин напишала: „Тој те изневерува“. За да биде сигурна дека девојката прво ќе ја најде таа порака, сокрила парче хартија во една од фиоките на комодата.
„Тоа не беше ниту неговата мајка, ниту неговата сестра. Му го зедов телефонот и видов фотографија од него и една непозната девојка. Утврдив дека тие не се во сродство пред да ја напишам пораката”, рекла Кларис.
„После тоа му реков дека тој е ужасна личност и си заминав“, објаснила таа.
Нејзиното видео очигледно воодушевило многумина, бидејќи собрало повеќе од 636. илјади прегледи.
Како точно изгледала нејзината одмазда погледнете во видеото:

@cccccccss as I should of 😊 #fyp #foryoupage #fypシ ♬ Crazy – Patsy Cline


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Крис Атовска се сретнала со Виталиј Алексеевич – еден од сведоците на Чернобил: „Го имав најубавиот ден во последните 5. години!“

Новинарските патишта се непредвидливи а Крис Атовска во својотпост опишала една од нив… „Долг и …