(ВИДЕО+ФОТО) Милевски: „Го знам тимот за финалето. Моите фудбалери треба да уживаат”

Фудбалската репрезентацијата на Македонија вечерва во Порто го игра еден од најголемите натпревари во нивната историја, дуелот со Португалија за пласман на Светското првенство во Катар 2022.


Селекторот Благоја Милевски е свесен за тежината на овој меч, но и за силата на противникот против кого „рисовите“ ќе се соочат.

View this post on Instagram

A post shared by Football Federation-Macedonia (@ffmacedonia)



„Залудно е да се трошат зборови за тимот на Португалија, имаат извонредни играчи. Ние не сме дојдени тука како туристи, дојдовме да уживаме во натпреварот и да победиме. Никој не очекуваше да играме финале за пласман на СП, ние сме тука, нема бегање од тоа“, рече Милевски.
Стефан Ристовски пак додаде: „Оваа наша соблекувална има нешто што другите го немаат”.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Меси и соиграчите направиле лудило во соблекувалната по победата против Мексико

Фудбалерите на Аргентина веќе во првото коло на Светското првенство во Катар ги разочараа своите …