(ФОТО) Шон Пен: „Ако Зеленски не зборува на доделувањето, јавно ќе ги уништам моите статуетки Оскар!“

АКТЕРОТ Шон Пен ветил дека јавно ќе ги уништи или стопи неговите статуетки за Оскар доколку Академијата не му понуди простор на украинскиот претседател да зборува на најголемите светски филмски награди. Шон Пен го опишал недостигот на поддршка на Оскарите за украинскиот народ како „најбезобразен момент во целата историја на Холивуд“.
Зборувајќи за Си-Ен-Ен, Пен, кој престојуваше во Украина и Полска каде снима документарец за нивната бегалска мака, вети дека јавно ќе ги стопи своите статуетки за Оскар доколку телото за доделување награди одбие да му понуди на украинскиот претседател Володимир Зеленски да зборува на настанот што ќе се одржи ноќва.

This image has an empty alt attribute; its file name is son-pen-oscari.jpg
„Нема ништо поголемо што може да направи наградата Оскар од тоа да му даде шанса на Зеленски да разговара со сите нас“, рекол Пен.
„Сфатив дека е донесена одлука тоа да не се направи. Не коментирам дали претседателот Зеленски го сака тоа или не“, додал тој.
„Ако Академијата одлучи да не го поддржи раководството во Украина и луѓето кои добиваат куршуми и бомби за нас, заедно со украинските деца што се обидуваат да ги заштитат, тогаш мислам дека сите овие луѓе и секој дел од таа одлука ќе бидат најбезобразниот момент во историјата на Холивуд“, рекол тој.
Шон Пен има освоено пет Оскари.


This image has an empty alt attribute; its file name is son-pen-oscari-2.jpg
Претходно оваа недела, Ејми Шумер, една од трите водителки на церемонијата оваа година, рече дека предложила „начин на кој Зеленски може да вклучи или снима аудио“, но имплицирала дека нејзиниот придонес бил непожелен.

Пен неодамна ја посети Украина
Пен кон крајот на февруари пристигна во Украина за да сними документарен филм за тоа што се случува таму.
„Оскаровецот Шон Пен пристигна во Украина. Тој дојде да ги сними актуелните настани и да му ја каже на светот вистината за руската инвазија на нашата земја. Пен е меѓу оние кои денес ја поддржуваат Украина во Украина. Нашата земја е благодарна за неговата храброст и чесност”, се вели во соопштението.


Тој ја напушти Украина на почетокот на март.
„Двајца колеги и јас пешачевме со километри до полската граница откако го оставивме автомобилот покрај патот. Во речиси сите автомобили што ги гледате на оваа фотографија се само жени и деца, повеќето без багаж, а автомобилот е нивната единствена вредност“, напишал Шон.
„Тоа е веќе брутална грешка на одземени животи и скршени срца, а доколку не попушти, верувам дека Путин ќе ја направи најстрашната грешка за целото човештво“, изјавил Пен откако ја виде ситуацијата во таа земја.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

11 знаци дека мажот се откажува од вашата врска

Тажната вистина е дека дури и ако сте подготвени да поминете низ хаос само за …