(ФОТО) Ферстапен „за влакно“ возврати за Саудиска Арабија!

Актуелниот шампион Макс Ферстапен триумфираше на Големата награда на Саудиска Арабија, втората трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Возачот на Ред Бул ја забележа првата победа на улиците на Џеда оваа сезона, а вкупно 21-ва во кариерата, со само половина секунда предност пред Шарл Леклер во Ферари. Далеку зад нив двајца, вториот возач на италијанскиот тим, Карлос Саинс јуниор, трката ја заврши на третото место.


Одлуката за победникот на втората трка сезонава падна на четири круга пред крајот, кога Ферстапен ја искористи втората вистинска шанса и го престигна Леклер. Монегашанецот претходно на најдобар начин го искористи инцидентот во 16. круг, кога Николас Латифи удри во ѕид и безбедносно возило излезе на патеката. Возачот на Ферари потоа го презеде водството од Серхио Перез, кој беше најголемиот губитник во забавувањето на трката бидејќи само неколку моменти порано отиде во боксот, за разлика од сите други.


Леклер согурно водеше пред Ферстапен оттогаш до серијата повлекувања кои следеа од 36. до 38. круг, поради што на патеката беше истакнат периодот на виртуелното безбедносно возило. Потоа на патеката застанаа двократниот светски шампион Фернандо Алонсо и возачот на Мекларен, Даниел Рикардо, а кога трката продолжи по пет круга, Холанѓанецот имаше можност да се врати во борбата за триумф. Следеше голема борба, Леклер успеа да одолее во првите неколку круга, а потоа се обиде кога Ферстапен поведе, но тоа го чинеше и фактот што на патеката беа истакнати жолти знамиња поради инцидентот помеѓу Алекс Албон и Ленс Строл во финишот.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Македонија ја победи Малта но со многу мака

Македонската фудбалска репрезентација со многу мака дојде до победа против Малта на стартот на квалификаците …