(ВИДЕО+ФОТО) Сопственик на клубот кој 2:5 го претвори во 6:5 е Рајан Рејнолдс. Еве како тој ја коментираше средбата!

Рајан Рејнолдс, еден од најистакнатите холивудски актери, воедно и косопственик на Wrexham кој во саботата создаде победа каква што ретко се гледа, ја коментираше прославата на неговиот тим на Твитер.

Велшкиот клуб, кој се натпреварува во петтиот степен на англискиот фудбал, губеше со 2:5 од Довер на половина час пред крајот на натпреварот, а потоа стигна до победа.



Wrexham, кој беше домаќин на овој натпревар, одлично го започна натпреварот и имаше два гола предност по 20. одиграни минути. Последнопласираниот Довер израмни на полувремето, а до 63. минута водеше со 5:2. Следуваше пресврт. Од 63. до 69. минута домаќинот дојде до 4:5, во 91. израмни, а во 98. погоди за победа.

Сето ова го воодушевило Рејнолдс, кој на Твитер му се извини на семејството за сцените што им ги приредил додека го гледал натпреварот: „Само што изгубив девет години од мојот живот. Тоа е добро. Му се извинувам на семејството. Исто така, погребете ме во Велс”.

Фото: Принтскрин/YouTube/Ryan Reynolds

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „Простување на Надал со тенисот? Мадрид или Ролан Гарос“

Тони Надал, вујкото на Рафаел Надал изјавил дека повеќе не се осмелува да го советува …