(ФОТО) УБИЛ 2. ЛИЦА, ТВРДИ ДЕКА НА НИШТО НЕ СЕ СЕЌАВА, ПА ПОМИНАЛ НЕКАЗНЕТО: Актерот со години крие морничава тајна!

Тој е познат по многубројните улоги, бракот со Сара Џесика Паркер, но и страшната несреќа за која никогаш не бил казнет.
Метју Бродерик, актер и сопруг на Сара Џесика Паркер, може да се пофали со богата актерска кариера, но при спомнувањето на неговото име многумина се сеќаваат дека тој бил учесник во сообраќајна несреќа во која по негова вина загинале две лица.
Познатиот актер е 25. години во брак со колешката Сара Џесика Паркер (56), а Метју зад себе има турбулентно минато.
Сара и Метју се запознале во 1992. година, а се венчале во мај 1997. година, а овој пар денес важи за еден од најхармоничните во Холивуд.
„Јасно се сеќавам на денот кога првпат отидовме на состанок. Малкумина успеаја така да ми се врежат во сеќавањето. Таа беше единствена, убава и волшебна”, се присетил Метју.
Меѓутоа, едно време Бродерик ја изневерувал својата Сара и сето тоа протекло во јавноста. Било утврдено дека тој бил зависник од секс и тоа бил неговиот изговор за прељубата. И покрај се, Сара не му го свртела грбот туку му помогнала да оздрави.

Пет години по венчавката го добиле синот Џејмс Вилки. Со помош на сурогат мајка во 2009. година ги добија близначките Лорета и Табита.
Семејството Паркер-Бродерик живее во Њујорк од 2009. година, а многу време поминуваат на рурален имот во Ирска, каде Метју летувал како дете.
Како што утврдиле и двајцата, тајната на нивниот и повеќе од успешен брак е во тоа што приватниот живот секогаш го држеле подалеку од јавноста, но и тоа што се пред се пријатели.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Девојка споделила совети за љубовни состаноци: „Ако ги слушнете овие три работи, бегајте што побргу“

Запознавањето и воспоставувањето романтична врска често не е лесно, а една девојка на Тикток објаснила …