КАРДИОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Оваа висина на „долниот“ крвен притисок е знак дека ви се заканува срцев удар!

Во повеќето случаи, кога стануваме или се исправуваме и го мериме притисокот со уредот, горниот притисок малку ќе опадне. Но, ако помалиот притисок добива поголема вредност, тоа значи дека сте во опасност да добиете срцев удар
Зголемениот крвен притисок во одредени положби може да биде сигнал дека се приближува срцев удар, предупредуваат експертите.
Ако веќе страдате од висок крвен притисок, веројатно секојдневно го мерите овој параметар за здравјето на крвните садови, а сега експертите предупредуваат дека тоа треба да се прави особено кога станувате од седечка или лежечка положба.
Луѓето чиј притисок „скока“ кога ќе се исправат или стануваат се изложени на поголем ризик од срцев удар, пренесува магазинот „Хипертензија“. Ова е особено точно за помлади и средовечни пациенти.
Значително зголемување на крвниот притисок кога станувате може да биде знак дека сте изложени на поголем ризик од посериозни кардиоваскуларни настани, како што е срцев удар. Во повеќето случаи, кога стануваме или се исправуваме и го мериме притисокот со уредот, горниот притисок малку ќе опадне. Но, ако помалиот притисок добива поголема вредност, тоа значи дека сте во опасност да добиете срцев удар.

This image has an empty alt attribute; its file name is krven-pritisok-lekovi-1.jpg
Студијата, објавена од ова списание, опфатила 1.207 пациенти на возраст од 18. до 45. години, на кои им бил дијагностициран висок степен на притисок од прв степен, со горни нивоа кои се движат од 140 до 159 и долни од 90 до 100. Студијата покажала дека оние кои биле помеѓу, чијшто долен крвен притисок бил највисок кога станале, имале двојно поголеми шанси да имаат сериозен проблем со срцето од останатите од групата.
„Ова откритие го потврдува нашето првично сомневање дека високиот крвен притисок кај младите е важен за дијагноза. Бевме изненадени што дури и многу мал скок на притисокот може да биде показател за опасност. Се надеваме дека ова откритие ќе ја покрене темата за терапија за пациентите со висок притисок, дури и ако се млади“, вели д-р Паоло Палатини од Универзитетот во Падова.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како брзо да се исушат алиштата во зима? Овие генијални трикови заштедуваат време!

Доколку немате тераса или соба во вашиот стан каде што можете да ги исушите алиштата, …