(ВИДЕО+ФОТО) ОТВОРЕНО со Ацо Пејовиќ: „По мозочниот удар на жена ми ѝ се избришаа три месеци од меморијата, но фала му на Бога што ни ја врати!“

„Да, тоа е аневризма и таа е оперирана. Билјана е професор на факултет и паднала пред студентите. Операцијата траеше 6 и пол часа. За среќа, закрепна. Три месеци ѝ се избришани од меморијата.Не ни беше лесно, но повторно сме среќни”, раскажува Пејовиќ.

Српскиот пејач Ацо Пејовиќ последниве месеци го сврте вниманието на јавноста поради маестралните изведби во филмот „Тома”. Песната „Полноќ” стана хит, а во студиото на „Репортер” ја запеја „Проклета е оваа недела”, песната на која по првата проба, му рекле: „Тоа е тоа, еве кој ќе го пее Тома во филмот”.


Пејовиќ деновиве беше во Скопје за да го најави концертот на 9 април. Кога е тука, вели дека ужива во добрата мaкедонска храна и во добрата музика. И овој пат не пропушти да седне во скопска кафеана .

This image has an empty alt attribute; its file name is aco-pejovic-1.jpg


„Бев на улицата Боемска во една кафеана. Тројца свирачи ми свиреа, јас пеев со нив. Кога сум тука, сакам да уживам во вашата музика и во добрата храна. Па, така, и без тавче-гравче не си одам”, ни раскажа Пејовиќ.

Вели дека, освен што е гурман, ужива во доброто вино и во пури од Никарагва. Има свое лозје, па прави домашно вино. „Јас имам илјада стебла винова лоза во Смедерево, годишно правам околу 700 литри вино и со пријателите секако дека ќе го испиеме”, искрен е пејачот.


Од Приеполе, каде што е роден, до Белград има многу приказни. Деновите во ученичкиот дом во Подгорица го врзуваат за многу спомени, и убави и неубави. „Тоа ме научи да знам како да се однесувам и кога имам и кога немам”.

This image has an empty alt attribute; its file name is aco-pejovic-2.jpg

Татко е на три ќерки, а за себе вели дека е многу строг. „Па мајка ми да не ме тепаше по задникот, може ќе бев наркоман”, вели Пејовиќ.

Со сопругата Билјана е 30 години во брак. Ни откри дека по 7 дена врска се оженил. Од матурска вечер ја однел Билјана кај него дома . „ Хаос беше и со нејзините, се лутеа. Ама ете нѐ заедно со три прекрасни ќерки. И не е лесно со четири жени дома, ама издржувам”, низ насмевка вели Пејовиќ.

This image has an empty alt attribute; its file name is aco-pejovic-3.jpg

Зборувавме и за времето кога им било најтешко. На неговата сопруга Билјана ѝ се избришани три месеци од меморијата, имала излив на крв во мозокот. „Да, тоа е аневризма и таа е оперирана. Билјана е професор на факултет и паднала пред студентите. Операцијата траеше 6 и пол часа. За среќа, закрепна. Три месеци ѝ се избришани од меморијата.Не ни беше лесно, но повторно сме среќни”, раскажува Пејовиќ.

За филмот „Тома”, кој му ја обележа годината, за измислениот дует меѓу Силвана и Здравковиќ и како излегува на крај со хејтерите, од детството до денес… гледајте го интервјуто.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Почина популарниот јутјубер Technoblade. Имаше 23 години!

Почина Technoblade, Јутјубер кој имаше 11. милиони претплатници на својот канал благодарение на видеата на …