Возачот на Ферари, Шарл Леклер славеше на Големата награда на Бахреин, со што започна нова ера во Формула 1.
Леклер на италијанскиот тим му го донесе првиот триумф на патеката „Сакир“ по две и пол години и трката во Сингапур во 2019. година, на која победи Себастијан Фетел. Монегашанецот по трет пат се најде на највисокото скалило на подиумот во кариерата.
What a race for @ScuderiaFerrari
What a win for @Charles_Leclerc #BahrainGP #F1 pic.twitter.com/UVZYalgOQy
— Formula 1 (@F1) March 20, 2022
Прославата на Ферари ја заокружи Карлос Саинс јуниор со освојување на второто место, додека на подиумот се најде и возачот на Мерцедес Луис Хамилтон.
🏁 END OF RACE 🏁
TOP 10
Leclerc
Sainz
Hamilton
Russell
Magnussen
Bottas
Ocon
Tsunoda
Alonso
Zhou#BahrainGP #F1 pic.twitter.com/119F7HBSbQ— Formula 1 (@F1) March 20, 2022
Покрај прекинот на постот на Ферари, првата трка сезонава ја одбележа и катастрофата на актуелниот шампион Макс Ферстапен, но и воопшто на Ред Бул. Холанѓанецот го држеше второто место во поголемиот дел од трката, предизвикувајќи го на моменти Леклер на самото чело, но мораше да паркира во боксот во самиот финиш поради дефект на болидот. Серхио Перез беше на пат кон подиумот откако направи грешка во последниот круг и неговиот болид едноставно се изгасна.
Фото: Принтскрин/Twitter