(ФОТО) ГН на Бахреин: Пол позицијата за Леклер

И не беше големо изненадување што возачот на Ферари, Шарл Леклер ја освои првата пол-позиција во новата сезона од Формула 1, бидејќи оствари најдобро време во денешните квалификации за Големата награда на Бахреин, а беше меѓу најдобрите и на тренинзите.


Леклер беше најбрз во квалификациите и утре тој ќе стартува од пол-позицијата на ГН Бахреин. Неговото време беше 1:30.558. До него, во првиот ред ќе стартува актуелниот шампион Макс Ферстапен, а трет е другиот возач на Ферари, Карлос Саинц, до него е Перез од Ред Бул.

Луис Хамилтон ќе стартува дури од третиот ред, тој имаше петто време. Дека Мерцедес нема да биде конкурентен во овие квалификации се види уште на тренинзите. На шесттата позиција е Ботас.
Во топ 10 се уште и Магнусен, Алонсо, Расел и Гасли.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Беше 13-ти тенисер во светот, сега покажал како фрла бомби со дрон

АЛЕКСАНДР ДОЛГОПОЛОВ, некогаш светски познат тенисер, се бори во украинската армија во војната против Русија. …