(ФОТО) На жена во мочниот меур и нашле чаша, лекарите велат дека таму била околу 4. години

45-годишна жена од Тунис дошла во болница жалејќи се на типични симптоми на инфекција на уринарниот тракт. Меѓутоа, по прегледот, лекарите биле шокирани од откритието. Имено, во нејзиниот мочен меур пронашле чаша обложена со бубрежни камења широки 8 сантиметри.
Жената на крајот открила дека чашата го користела како секс играчка пред неколку години. Нејзиниот случај бил објавен во медицинското списание Science, вклучувајќи неверојатни КТ скенови и слика од чаша и каменецот.

This image has an empty alt attribute; its file name is casa-vo-meur-1-693x1024.jpg


Иако медицинскиот извештај не го споменува ова, жената можеби го практикувала она што е познато како „уретрално испитување“, според пишувањето на The ​​Sun. Ризичната активност вклучува вметнување шолја или предмет во уретрата за „да се зајакне сексуалното задоволство и возбуда“, известува Wed MD. Докторите имале извештаи за луѓе кои го прават тоа намерно, или поради проблеми со менталното здравје или поради задоволство – но тоа не се препорачува.

На луѓето им е срам да побараат помош при вакви несреќи
Во извештајот се вели: „Мотивите кои најчесто се поврзуваат со присуството на туѓи тела во мочниот меур се од сексуална или еротска природа. Различни предмети се вметнуваат во мочниот меур, а многу пациенти не ги отстрануваат сами и се срамат да побараат лекарска помош, што е причина за клиничката слика, која обично е атипична“.
Два дена по операцијата за отстранување на туѓото тело од мочниот меур, жената закрепнала и нејзината состојба била доволно добра за да биде отпуштена дома.
Во извештајот се заклучува: „Комплицираните форми се оние кои се дијагностицираат доцна и често се поврзани со повторливи инфекции на уринарниот тракт, литијаза и/или фистули. Најдобар третман останува превенцијата преку балансирање на основното етиопатогено нарушување со соодветно сексуално образование“.


Фото: Science Direct

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто мажите се ОДЉУБУВААТ: Ова се најчестите причини зошто си заминуваат!

Кои се најчестите причини зошто мажот одлучува да раскине и да си замине? Има некои …