(ВИДЕО) БЛИСКА СРЕДБА НА НЕВИДЛИВИТЕ: Кинезите на американскиот Ф-35 го испратиле својот најмодерен авион

Најмодерните американски авиони Ф-35 имале блиска средба со најмодерните кинески авиони Ј-20 над Источното Кинеско Море.
Средбата на два невидливи авиони од петтата генерација ја открил американскиот генерал Кенет Вилсбах, командант на американската пацифичка авијација.
Според кинескиот државен медиум „Глобал тајмс“, „доколку тој инцидент е вистина, веројатно е дека кинеското воздухопловство користело Ј-20 за пресретнување на можни провокативни активности на американските Ф-35 во близина на Кина“.
„Неодамна имавме авиони Ф-35 и Ј-20 кои се приближуваат над Источното Кинеско Море и релативно сме импресионирани од командите и контролата на авионите Ј-20“, рекол американскиот генерал за време на онлајн-дискусијата на YouTube.

loading...

Генералот истакнал дека „кинеските пилоти многу добро летаат на Ј-20“ и дека се уште се обидуваат да откријат дали Ј-20 е посличен на американскиот авион Ф-35, кој е повеќенаменски авион, или авионот Ф-22, ловец кој има способност и да напаѓа цели на земја.
„Глобал тајмс“ наведува дека кинеската армија не го потврдила овој настан, но дека Ванг Ли, пилотот на авионот Ј-20, на кинеската централна телевизија изјавил дека учествувал во рутински контролни мисии над Источното Кинеско Море.
Според кинеските медиуми, повикувајќи се на изјавите на американскиот генерал и кинескиот пилот, веројатно е дека Ф-35 влегол во зоната на идентификација на кинеската противвоздушна одбрана над Источното Кинеско Море и дека бил забележан од анти – стелт радари.
Кога бил откриен, според анализата на „Глобал тајмс“, кинеското воздухопловство го подигнало својот Ј-20 како авион еквивалент на американскиот Ф-35.

Фото: Колаж


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …