(ФОТО) БРУС ВИЛИС ТЕШКО БОЛЕН: Шокантни информации за актерот!

АКТЕРОТ Брус Вилис се бори со болест која наскоро би можела целосно да го исклучи од светот на филмот. Деменцијата на актерот ја открил режисерот Мет Ескандари, кој работел со Вилис на неколку филмови.
Една од најголемите холивудски ѕвезди, Вилис, глумејќи во три дела од филмскиот серијал „Умри машки“, заработи речиси милијарда долари профит ширум светот. Во 1999. година заедно со Стивен Спилберг и Џејмс Камерон се најде на листата на 100. највлијателни луѓе во филмот што ја подготви англискиот месечник „Империја“. Меѓутоа, веќе извесно време здравјето на актерот предизвикува многу сомнежи.

Фановите почнале да се грижат за својот идол кога тој почнал да глуми во нискобуџетни филмови. Имаше информации дека актерот имал проблеми со сеќавањето на дијалогот, но првично како причина се споменувала мрзеливоста. Сега излегува дека Брус Вилис се бори со тешка болест.



Според последните информации, 66-годишниот Брус Вилис се бори со деменција во рана фаза. Режисерот Мет Ескандари, кој работеше со актерот на снимањето на филмовите како „План за спас“ и „Преживејте до зори“, ја откри неговата вистинска состојба.
– Вистината е. Со него режирав четири филма, па знам од прва рака. Тажно е да се види легенда како Брус како се распаѓа пред твоите очи. Видов како е да се работи со него во последните неколку години – напишал тој во коментар на Твитер под видеото за гласините за болеста на Вилис.


Според пишувањата на медиумите, Брус Вилис сака да заработи што повеќе пари додека е во можност. Поради таа цел, тој презема улоги во филмовите Б категорија, односно нискобуџетните. Според порталот IMDB, само во 2022. година ќе има најмалку 11. нискобуџетни продукции со Вилис во актерската екипа.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Здрава и фит жена споделува четири симптоми на рак на тироидната жлезда кои ги игнорирала

На КРИСТИНА Мекнајт, која сега има 35. години, и бил дијагностициран рак на тироидната жлезда …