Убава вест за Ина Илиевска: Успешно оперирана и добро се опоравува!

Хуманите граѓани помогнаа да се соберат средства за операција на тумор во мозокот во Турција…Операцијата е извршена и како што известуваат нејзините најблиски се поминало во најдобар ред а Ина успешно се опоравува…
Здравствената состојба на Ина се влошила лани во мај, кога почнала да добива епилептични напади. Нејзината мајка Сања вели дека тогаш почнале да прават детални испитувања. Бил дијагностициран тумор во мозокот, за кој докторите потврдиле дека е бениген, но истакнале дека во иднина може да ѝ предизвика поголеми здравствени проблеми.
Својата среќа нејзините најблиски ја споделија и на нивната страница на Фејсбук…

„Здраво на сите! – Сакаме да споделиме една убава вест со сите кои и помогнаа на малата ИНА. Операцијата беше успешна, помина во најдобар ред, Ина е одлична – се консолидираме. Уште еднаш, би сакале да ви се заблагодариме за сето она што ни помогнавте на кој било начин. – Господ е голем, ќе ви врати на сите! 🙏🍀❤️“, напиша нејзините најблиски.


Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Крис Атовска се сретнала со Виталиј Алексеевич – еден од сведоците на Чернобил: „Го имав најубавиот ден во последните 5. години!“

Новинарските патишта се непредвидливи а Крис Атовска во својотпост опишала една од нив… „Долг и …