Извештај на ИЈЗ од 07.03.2022 до 13.03.2022г.: Намалување на нови позитивни случаи за 27.4 проценти во однос на минатата недела

Регистрирани сe 1.818 нови позитивни случаи од 30 градови во државата, со намалување од 27,4% во однос на минатата недела (n=2.504). Процентот на позитивност се движи од 7,8% до 13,8%, просечно 11,6%.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 07.03.2022 до 13.03.2022г Тестирани се вкупно 15.264 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 12,% во однос на минатата недела.


Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=983; 54,1%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 167,6/100.000, Ресен – 163,4/100.000 и Скопје – 155,0/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г (n=505, 27,8%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=60; 3,3%).


Во однос на претходната недела, се регистрира намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 41,7% во возрасната група од 0-9 години.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени” се стекнале 2.400 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување.


Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 267 реинфекции, со намалување од 28,2% во однос на претходната недела.

Пријавени се 34 смртни случаи во 13 градови во текот на изминатата недела, за 33,3% помалку во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (17). Во однос на возраста, регистрирани се 33 починати од возрасната група над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против COVID-19. Заклучно со 12.03.2022, вакцинирани се вкупно 871.669 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 851.655 лица, а со трета доза се вакцинирани 147.223 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од од 07.03 – до 13.03.2022г, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) МОМЕНТ НА ​​ЗЕМЈОТРЕС ЗА ВРЕМЕ НА ЈАВУВАЊЕ ВО ЖИВО – Ова сме го виделе само во филмови за катастрофи: Репортер известувал во живо, луѓе оделе по улица, а потоа се урнала зграда

Нов земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди областа околу Кахраманмараш Нов земјотрес со …