Како да комуницирате со НЕГАТИВНИ ЛУЃЕ?  Четири начини да се надмине лошата енергија!

Еве како можете да комуницирате со негативни луѓе и да си олесните на себе…
Дали некогаш сте имале работа со негативни луѓе? Ако е така, тогаш знаете дека може да биде многу исцрпувачки. Тие го исцрпуваат последниот атом на сила и добро расположение. Тешко е да се комуницира со нив, но понекогаш е неопходно бидејќи тие се ваши соработници, колеги или дури пријатели или членови на семејството.

Како да се справите со негативните луѓе?
Понудете помош
Обидете се да внесете малку позитивност во нивните животи. Размислете што и пречи на личноста во моментот и размислете како можете да и помогнете, но само ако искрено го сакате тоа. Клучно е да сте искрени во желбата да и помогнете и да и покажете дека има поинаков поглед на животот.


Опкружете се со други
Соочувањето со негативна личност може да биде многу заморно и исцрпувачко. Затоа е добро да имате некој друг покрај себе кога разговарате со таква личност. На тој начин негативната енергија ќе биде споделена меѓу вас и другите луѓе и нема да морате сами да ја носите нејзината тежина. Дополнителна предност на третата страна во комуникацијата е тоа што може да ви помогне да откриете дека дури и’ негативната личност има позитивна страна.

Продолжете со попријатни теми
Ако некој е длабоко вкоренет во својата негативност, во неговите проблеми, решението може да биде да се смени темата. На тој начин ги оттргнувате нејзините мисли од проблемот. Тоа можат да бидат едноставни работи за кои знаете дека предизвикуваат позитивни емоции кај личноста – филмови, авантури, заеднички пријатели, хоби, радосни вести… Сето ова може да ви го олесни разговорот.


Не дозволувајте негативноста да ве земе под свое
Негативните луѓе имаат тенденција да се фокусираат на лоши работи и да ги игнорираат сите добри работи. Тие ги преувеличуваат проблемите со кои се соочуваат, а нивната ситуација е секогаш многу полоша отколку што навистина е. Кога првпат ќе стапите во врска со негативна личност, слушајте внимателно и понудете помош доколку е потребно. Дајте ѝ до знаење дека ја има вашата поддршка. Но, ако таа упорно се жали за истиот проблем, оставете го тоа. Тешко дека нешто можете да направите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за среда, 08.02.2023: Не ги потиснувајте вашите желби, постои личност која може да ви удоволи или да ви овозможи добар љубовен третман…

Овен Љубов: Топлите емоции секогаш имаат лековито дејство, затоа внимавајте на вашата сакана личност. Планирајте …