(ФОТО) Хамилтон: „Ова не е болид за титула!“

ЛУИС ХАМИЛТОН во пресрет на стартот на новата сезона во Формула 1 изјави дека актуелниот болид на Мерцедес не е подготвен да се бори за првото место.

Да потсетиме, Мерцедес славеше во екипниот поредок во последните осум сезони, а Хамилтон остана без титула на последната трка минатата сезона во директниот дуел со возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен.

loading...


„Во моментов мислам дека не сме подготвени да победиме… Мислам дека луѓето ќе бидат изненадени… Ние не сме најбрзиот болид. Ферари е веројатно најбрзиот, тука е Ред Бул, а потоа ние или Мекларен сме на третото место. Не знам кој е трет, но знам дека не сме најбрзи“, изјавил Хамилтон, седумкратен светски шампион.


View this post on Instagram

A post shared by FORMULA 1® (@f1)


„Чувството е многу поразлично од минатата година. Сега имаме многу поголеми предизвици и мораме многу да забрзаме. Имаме потенцијал да бидеме најдобри, но ќе мора да решиме некои проблеми и да надминеме неколку пречки”, изјавил Хамилтон во пресрет на сезоната на 18 март.


View this post on Instagram

A post shared by FORMULA 1® (@f1)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) За Леклер пол во Сингапур

Шарл Леклер ја зазеде пол-позицијата пред Големата награда на Сингапур. Возачот на Ферари заврши пред …