Чајот не служи само како помош кога сме болни: Еве уште неколку проблеми кои можете да ги решите со овој ПРЕКРАСЕН пијалок

Чајот во служба на убавината
Иако многу луѓе пијат чај само кога имаат настинка или се болни, многумина не знаат дека овој пијалок може да се користи во служба на убавината.

Вратете го сјајот на косата
Чајот е добар за косата која го изгубила својот сјај. Исплакнете ја косата со зелен или црн чај и ќе ја поттикнете нејзината живост. Откако ќе го оставите чајот да отстои 15. минути во топла вода, почекајте уште неколку часа или дури и преку ноќ пред да го употребите. Прелијте го на свежо измиена коса и оставете да делува десет минути. Потоа измијте се уште еднаш со шампон.


Ги смирува изгорениците од сонце
Ако случајно добиете изгореници од сонце, искористените кесички чај можат да ја ублажат болката и црвенилото. Ставете неколку кесички чај во лесна крпа и ставете ги на оштетената кожа.

This image has an empty alt attribute; its file name is zelen-caj-za-ubavina.jpg


Темни кругови и отечени очи
Брз лек за отечени очи и темни кругови под очите се крие и во искористените кесички чај. Земете еден вид ерл-греј и потпрете на очите. Теинот од чајот ќе помогне да се стеснуваат крвните садови под кожата и да се елиминира отокот.

Ја хидрира сувата кожа
Зелениот чај добро ќе влијае на сувата кожа. Откако ќе го изладите, ставете го чајот во шише со распрскувач или на памук, а потоа нанесувајте го на лицето два пати на ден. Ова ќе ги стесни порите, ќе ги отстрани нечистотиите и ќе и даде сјај на кожата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Редовното консумирање на една намирница може да го намали ризикот од срцеви проблеми

Љубителите на сирење имаат 38. отсто помали шанси да заболат од срцева слабост отколку оние …