(ВИДЕО+ФОТО) Корисниците на Нетфликс ширум светот не можат да се заситат од оваа возбудлива историска серија

Новата историска серија на Нетфликс, „Викинзи: Валхала“ за кратко време стана најгледаната серија на популарната платформа за стриминг.

View this post on Instagram

A post shared by Vikings Valhalla (@netflixvalhalla)



Тоа е спин-оф на популарната серија Викинзи, сместена на почетокот на 11 век и ги следи авантурите на некои од најпознатите викинзи што некогаш живееле, како што се легендарниот истражувач Леиф Ериксон, неговата сестра Фрејдис Ериксдотер и амбициозниот нордиски принц Харалд Сигурдсон.

View this post on Instagram

A post shared by Vikings Valhalla (@netflixvalhalla)



Новата историска серија ги воодушеви гледачите и е на врвот на глобалната листа на најгледани серии на платформата за стриминг. За две недели, гледачите поминале повеќе од 113 милиони часови со „Викинзи: Валхала“, додека второпласираната серија Inventing Anna собрала само 77,5 милиони часови гледање на глобално ниво.


Нетфликс очигледно е многу задоволен од резултатите, па веќе ја потпиша втората и третата сезона од овој историски спектакл, а креаторот на серијата Џеб Стјуарт е пресреќен што ќе ја продолжи приказната за Викинзите и потврди дека втората сезона е веќе снимена.


„Возбуден сум што можам да потврдам дека ја завршивме и веќе ја уредуваме втората сезона и дека продукцијата на третата сезона ќе започне наскоро. Додека приказните за Леиф, Фрејдис, Харалд, Олаф, Кануте и останатиот дел од нашата неверојатна екипа се тајни, можам без двоумење да кажам дека нивните патувања ќе бидат уште повпечатливи од она што сте го виделе досега“, рекол тој во изјавата што ја пренесе TV Line.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …