(ФОТО) ДВОЈНА СПАСУВАЧКА АКЦИЈА: Тинејџер се качил на дрво за да спаси мачка, па морале и него да го спасуваат

Пожарникарите во Индијанаполис биле повикани да спасат тинејџер кој се заглавил на дрво обидувајќи се да спаси мачка.
Седумнаесетгодишниот Овен сакал да направи добро дело и да го спаси животното откако го забележал на дрво на висина од околу 10 метри. Меѓутоа, откако се качил на дрвото, Овен се заглавил и пожарникарите морале да го спасат со помош на јажиња.
– Овен немал проблеми да се качи на дрво, но положбата не му дозволувала лесно да се симне од него. Спасувачките екипи не можеа да ја постават скалата бидејќи земјата беше премногу мека за да ја издржи тежината на возилото, без да се заглави – соопштиле од противпожарната служба.
На пожарникарите им требало околу еден час за да го доведат Овен на безбедно. Лекарите откриле дека Овен е добро и има само неколку гребнатини. Во меѓувреме, мачето останало на дрвото и покрај напорите на пожарникарите.
– Мачката изгледаше како да ужива гледајќи ја комплетната гужва, и не се трудеше да се симне од дрвото – додале од противпожарната служба. Меѓутоа, луѓето коментирале дека можело да се случи мачката да „замрзне од страв“.
Портпаролката на противпожарната служба Рита Рит во понеделникот изјавила дека сопственикот на мачката најмил приватна компанија да го спаси животното.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) НАМЕСТО ЗАПРОСУВАЊЕ ДОЖИВЕЛА НЕВИДЕНО ПОНИЖУВАЊЕ ПРЕД МИЛИОНИ: „Ако после ова не го оставила, тогаш и го заслужува“

Девојките се научени на романтика, а од друга страна за мажите нема ништо полошо од …