(ВИДЕО) Неподвижна девојка девет дена останала заробена во автомобил кој бил одвлечкан од „пајак“

Од Америка ни доаѓа НЕВЕРОЈАТНА приказна.
Бизарна приказна која малкумина ќе остави рамнодушни се случила во Кент, Вашингтон, а за среќа имала среќен крај.
Откако медицинската сестра го пријавила исчезнувањето на неподвижната жена на 14. февруари, полицијата тргнала во потрага. Последен пат била видена на 5. февруари со нејзината 45-годишна мајка. Полицијата ја пронашла откако девет дена била заробена во возило.
Била покрената истрага и утврдено е како дошло до овој немил настан. Имено, мајката го паркирала своето возило на бензинската пумпа, ја оставила ќерката во автомобилот и едноставно си заминала. Автомобилот останал паркиран, а потоа вработените во бензинската пумпа ја контактирале влечната служба која го однела возилото до депонијата.
Никој не ја видел несреќната девојка бидејќи била покриена со облека на задното седиште, па несреќната жена следните денови ги поминала на студ на задното седиште во Кадилак. Бонафацио Пауза од Skyway Towing изјави за KING5 дека е „вообичаено да се возилата да се одвезат без да се влезе во нив“. Во овој случај, возачот на камионот наводно гледал низ прозорците, но не ја видел девојката од купот облека и други предмети.


Затекнувајќи ја целосно исцрпена и хипотермична, екипата на брзата помош и пружила прва помош, а потоа ја однела во блиската болница. За среќа во несреќата жртвата била пронајдена на време. Полицијата соопштила дека во моментов се води истрага и се обидува да утврди дали ќерката била запоставена во семејството, како и дали мајката намерно ја „заборавила“ и ја оставила во автомобилот.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Крис Атовска се сретнала со Виталиј Алексеевич – еден од сведоците на Чернобил: „Го имав најубавиот ден во последните 5. години!“

Новинарските патишта се непредвидливи а Крис Атовска во својотпост опишала една од нив… „Долг и …