Прокељот (бриселски зелкички) се мали, зелени пупки за јадење кои изгледаат како мини зелки, со дијаметар од околу 2,5-4 сантиметри. Тие се по потекло од Белгија, околу градот Брисел, од каде што доаѓа нивното име. Тие припаѓаат на семејството brassica, со брокула, кељ и зелка, а најчесто се во сезона во текот на зимата, иако може да ги забележите на пазарите веќе во октомври.
Тие се богати со заштитни антиоксиданси
Антиоксидансите се заштитни соединенија кои го намалуваат оксидативниот стрес во вашите клетки и како резултат на тоа можат да помогнат да се намали ризикот од хронични болести. Студијата која го проучувала ефектот од конзумирање на 300 грама варено бриселско зелје дневно покажала намалување на оксидативното оштетување во дури 28 проценти од случаите.
Тие можат да помогнат во здравјето на срцето
Прокељот е особено богат со растително соединение наречено кемпферол. Овој антиоксиданс е интересен поради неговите многубројни својства кои го поттикнуваат здравјето, вклучувајќи ги и придобивките што ги има за здравјето на срцето. Студијата спроведена во САД покажала дека зголемувањето на бројот на зеленчук во исхраната, особено оние од семејството brassica, како што е бриселското зелје, може да го намали ризикот од срцеви заболувања.