(ВИДЕО) Погледнете што останало од рускиот конвој тенкови што тргнал кон Киев

САТЕЛИТСКА снимка покажала голем руски конвој кој пред неколку дена заглавил на патот кон Киев, а подоцна бил нападнат од украинските сили. Воени експерти велат дека станува збор за колона од оклопни возила долга 27. километри која станала лесна цел за украинската армија.

This image has an empty alt attribute; its file name is ruski-tenkjovi-1-1024x574.jpg

loading...

Фотографиите направени во градот Бача, 24. километри северозападно од Киев, ги покажуваат крвавите последици од една од најбруталните заседи во оваа еднонеделна војна, пишува Telegraph

Уништени се околу 15 тенкови
На видеата снимени од мобилните телефони се гледаат остатоци од тенкови и други оклопни возила. Во реонот на градот Бача уништени се околу 15. тенкови, како и голем дел од улиците. Во експлозиите исчезнаа дрвја и куќи покрај патот. Некои снимки покажуваат мртви тела на руски војници.


„Погледнете што направија со мојот дом, но ние така им возвративме и сега од нив останаа само резервни делови“, рекол еден од жителите.
Оваа победа ја прослави градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, иако местото било уништено.
„Вооружените сили на Украина ја запреа непријателската колона. Ова се резултатите од нивната инвазија и одговорот на нашите вооружени сили. За жал, оштетени се и куќи, но ние повторно ќе ги изградиме. Им посакуваме се најдобро на нашите вооружени сили кои одлично си ја завршија работата“, изјавил Федорук.


Трупови покрај патот
По патот од Буча, украинските сили уништиле уште еден руски конвој со противтенковски ракети што им ги доставил Запад на мостот за Киев. Уништена е руска колона возила, а покрај патот можеле да се видат трупови.

Рускиот конвој кој заглавил на пат кон Киев превезувал војници и опрема. Американска технолошка компанија прва го снимила преку сателит. Во неделата, конвојот се протегал на околу 6. километри, а набрзо порасна. на 27. Бил толку долг што сателитите не можеле да го фатат со една снимка.

Фото: Принтскрин/YouTube/Unstoppable

Извор:Telegraph

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРОЦЕС НА СЛАБЕЕЊЕ – Овие пет навики во исхраната ќе го забрзаат согорувањето на мастите

Губењето килограми и салото на стомакот е процес. Тоа не се случува преку ноќ откако …