Руски лекар ја открил тајната на долговечноста – со 7. намирници може да се продолжи животот

Конзумирањето здрава храна е клучно за зачувување на здравјето на целиот организам, од превенција и третман на коронавирусот до продолжен животен век, посочува познатиот руски лекар и телевизиски водител Александар Мјасников, кој ги набројал производите кои го продолжуваат животот. Имено, правилниот избор на храна може да го забави текот на вирусните заболувања и да спречи тешки форми.
„Многу пати сме спомнале, сме набројале намирници, сме зборувале за половина килограм зеленчук и овошје“, објаснува Александар Мјасников, повикувајќи се на научно-истражувачките податоци кои укажуваат на седум основни производи за одржување урамнотежена исхрана.

„Во исто време, главниот фактор за долговечноста е генетското наследство“, додал тој.

loading...

Овие намирници првенствено вклучуваат зеленчук, овошје, морска храна, јатки а особено бадеми, темно чоколадо и лук. Како што објаснил, докажано е дека овие производи ни помагаат да живееме подолго. Во исто време, главен фактор за долговечноста е генетското наследство, додава тој.

Дополнително, во времето на коронавирусот, д-р Александар Мјасников истакнува дека цинкот е многу корисен во борбата против коронавирусот. Цинкот се наоѓа во големи количини во пилешкото, но тешкиот тек на коронавирусот може да се спречи со консумирање на храна богата со витамин Д, која ја има во изобилство во харингата.


Познатиот руски лекар Александар Мјасников рекол дека за време на акутната фаза на болеста треба да се потпрете на јаглехидратите. Ова се должи на фактот дека за време на болеста, човекот троши повеќе енергија отколку што добива. На пациентот му е потребна сила да се бори со вирусот за брзо закрепнување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …