КОРИСНО Е ДА СЕ ЗНАЕ – ОВОЈ НАЧИН НА ПОДГОТВУВАЊЕ ЈАЈЦА Е НАЈЗДРАВ: Само така ќе ги извлечете сите НУТРИЕНТИ и ќе го избегнете холестеролот

Само овој начин на подготовка е навистина здрав, инаку се губат витамини и минерали и се активира штетниот холестерол
Јајце на око, тврдо варено, омлет, поширано? Овие и многу други начини на подготовка на јајца се редовно на нашето мени, но кој од нив е навистина најздрав и го дава најдоброто, односно го обезбедува внесувањето на сите витамини и минерали од јајцата во нашиот организам?
Според истражувањата, јајцата најдобро ќе ја зачуваат својата хранлива вредност доколку се консумираат варени. Варењето јајца ја уништува и евентуалната салмонела и го зголемува нивото на протеини во нив за дури 40 отсто, поради што се чувствуваме сити.

This image has an empty alt attribute; its file name is jajca-za-zdravje-1.jpg


Доколку јајцата се подготвуваат во форма на омлет или јајца на око, што значи многу високи температури и количини на масла или масти, се намалува нивото на витамини и антиоксиданси во нив, а се активира нивото на холестерол, што го зголемува ризикот од срцеви заболувања.

This image has an empty alt attribute; its file name is posiranje-jajca.jpg


Споменатото истражување утврдило и дека најдобро е јајцата да се подготвуваат со поширање, што подразбира ставање на белките и жолчките во топла, но не и зовриена вода и варење до 3. минути

This image has an empty alt attribute; its file name is posirani-jajca-1.png


. Се препорачува да не ставате сол во водата во која ќе ги поширате јајцата, бидејќи тоа ќе предизвика разредување на белките. Кога белките ќе бидат целосно стврднати, а жолчките се уште течни и покриени со тенок слој кој ги држи „на едно место“, ќе знаете дека јајцето е готово и подготвено за консумирање.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. СОВЕТИ, ДАЛИ Е ТОЈ ВИСТИНСКИОТ МАЖ ЗА ВАС! Обрнете внимание на следните работи…

До моментот кога ќе дојдете до четвртиот состанок, честопати треба да одлучите дали сериозно да …