Почина познатиот спортски новинар Мирослав Наумовски – Лав

Денес, по кратко боледување, почина Мирослав Наумовски-Лав. Лав беше врвен спортист, спортски новинар, еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет, член на Собранието и на Управниот одбор на МОК, спортски новинар во Нова Македонија, основач и главен одговорен уредник на првиот спортски весник во нашата држава, СКОК.

This image has an empty alt attribute; its file name is miro-i-skok-1024x566.jpg


„Со голема болка во душата ги пишувам овие редови.Не сакам да размислувам и да се соочам со вистината што мојот пријател од младоста и целиот заеднички новинарски век Мирослав Наумовски-Лав не напуштил утрото.Тој беше голем човек, каков што тешко се наоѓа.Беше човек кој не можеше да каже НЕ, секогаш и секому беше спремен да помогне, да го утеши во болката. Но, овој пат не ни даде шанса и ние да го тешиме, зашто злокобната болест брго го одесе во небесниот свет.

This image has an empty alt attribute; its file name is miroslav-naumovski-1.jpg
Лав беше спортист во младоста.Тој беше еден од онаа прва ракометна генерација на Вардар, а се натпреваруваше и за младинската репрезентација на Македонија.Не можејќи да се оддели од спортот потоа стана еминентно име во македонското спортско новинарство. Работниот век го мина во „Нова Македонија“ за по негова иницијатива да почне да излегува првиот спортски весник – Скок.Тој беше негов прв главен уредник, а беше еден од најзаслужните и по подолга пауза да се врати традиционалниот Охридски пливачки маратон.
Немам зборови да ја искажам мојата големина и заслуга за развојот на спортот и новинарството во Македонија, ќе го паметат многу генерации, а ќе го споменуваат и нашите најдобри спортисти, бидејќи последните години од неговиот работен век ги помина токму во Македонските олимписки комитет.


This image has an empty alt attribute; its file name is kav-so-olimpijci.jpg
Последен заеднички проект ни беше организирањето на прославата на 80-тиот роденден на Лазар Лечиќ, кога во Скопје заедно со Васил Тупурковски-Чиле, како главен носител на проектот, потоа со Драган Радосављевиќ и за жал, покојниот Буштур ја донесе цела кошаркарска елита во Скопје. Ја работевме и ја завршивме книгата за Шабан Сејдиу, која, за жал, Лав нема да може да ја види. Смртта му го прекина животниот пат каде ќе бид епречекан од ангелите зошто и самиот беше вистински ангел на овој свет.Со тешко срце и чемер во душата се простувам од мојот најголем пријател Мирослав Наумовски-Лав. Почивај во мир и смири ја душата покрај твојот прерано починат син Борјан“.

This image has an empty alt attribute; its file name is miro.jpg
Ги известуваме сите пријатели и почитувачи на познатиот легендарен спортски новинар Мирослав Наумовски Лав, кој утрово почина во 75. година од животот, дека погребот ќе биде утре (понеделник) во 14.00 часот.Претходно во 13.30 часот телото ќе биде изложено во капелата на гробиштата Бутел, истакна Зоран Михајлов на својот профил на Фејсбук.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …