(ВИДЕО) Кутре од првата линија на одбрана: Малиот Рамбо ги штити украинските војници!

Додека војната во Украина не стивнува, на Твитер се појави видео од кученце „посвоено“ од украински војници.
Руските војници ја нападнале воената база на авенијата „Победа“ во Киев и се обиделе да заземат една од градските станици за производство на електрична енергија, но не успеале. Нападите станале уште посилни во саботата наутро.

This image has an empty alt attribute; its file name is kucence-zastitnik.jpg
Камерите на телевизијата FreedomNews посетиле украинска позиција околу Киев, каде што го снимиле кученцето Рамбо, посвоено од украински војници. На снимката се слуша како еден од нив вели дека Рамбо им е многу корисен затоа што веднаш пријавува доколку некој непознат се појави на нивната позиција.
„Тој е наш заштитник, нели, Рамбо? Ни беше жал за него, се смрзнуваше надвор. Го посвоивме и тој остана со нас. Тој е добро осигурување, тоа му е работа. Тој е наше чувар, многу добро слуша ако некој непознат се приближи. Беше толку мал што застануваше на мојата дланка“, рекол еден од војниците.


Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КОГА ПАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ТИ КУПАТ СРЕЌА: Атина Оназис – сопругот немилосрдно ја изневерувал, никогаш не ја преболела смртта на саканата личност, многу трагедии и го одбележале животот

Проклетството на семејството Оназис не ка одбегналоЖивотот на Атина Оназис, и покрај нејзиното потекло и …