ИНТЕРЕСНО – Зошто студот може да биде добар за телото? Има дури 9. причини!

Многумина не се љубители на зимата и студот, но тоа всушност може да му помогне на нашето тело.
Пешачењето или долгото останување на студ не звучи како атрактивна опција и голема е веројатноста дека речиси никому не му се допаѓа. Но, пониските температури всушност можат да бидат добри за нашето здравје, без воопшто да сме свесни за тоа.

Студот може да ја подобри работата на срцето
Студеното време навистина може да го зајакне вашето срце, особено кога станува збор за зимски тренинзи на отворено. Студот го прави вежбањето забавна и предизвикувачка активност, за време на која вашето срце треба да пумпа повеќе крв. Не само за физичка активност, туку и за да се осигурате дека вашето тело ја одржува соодветната температура. Покрај тоа, вежбањето во зима го прави срцевиот мускул посилен.


This image has an empty alt attribute; its file name is 40-Essentials-For-Every-Winter-Travel-Packing-List-The-Mandagies-683x1024.jpg

Пониските температури го зајакнуваат мозокот
Пониските температури им помагаат на луѓето да размислуваат јасно. Истражувањата покажуваат дека луѓето работат подобро кога собната температура е поставена на пониска температура. Покрај тоа, други истражувања покажуваат дека луѓето имаат помала веројатност да имаат когнитивни проблеми во лето отколку во зима. Значи, брзата прошетка во зима може да ви ја даде следната голема идеја.


Студот го зголемува согорувањето на калориите
Кога е студено, телото работи понапорно и користи значителна количина на енергија за да ја одржи температурата. Така, со студот се зголемува и метаболичката активност, што едноставно значи согорување повеќе калории.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) МОМЕНТИ КОИ ВРЕДИ ДА СЕ ЗАПОМНАТ – Прекрасните бебиња близнаци се „препознале“ по прв пат, нивните насмевки кажале се!

Иако понекогаш се караме со нашите браќа и сестри, таа љубов е огромна и значи …