(ВИДЕО) „Time” ново ремек дело на Никола Мицевски!

По фантастичниот прв сингл „Круг” нашиот композитор Никола Мицевски, на 23.2.2022 го промовира и својот втор сингл насловен “TIME” кој е дел од неговиот албум “NEW ERA”.
Како специјален гостин на овој проект учествува нашиот добро познат гитарист Дамјан Пејчиноски а видеото го изработи познатиот Даниел Јовески.

This image has an empty alt attribute; its file name is nikola-micevski.jpg

loading...

„Time е инструментална композиција во синематик/ етно/рок/симфони правец, или популарно во World music правец, со призвук на филмска музика. Сублимација на моето цело досегашно музичко знаење и искуство. Музика преку која сакам да допрам до што поголем број на слушатели, музика која може да се слуша секаде во светот а притоа да е претпознатливо дека се темели врз дихот на македонската музика. Среќен сум што соработував со Дамјан Пејчиноски, гитарист од светска класа кој со својата изведба даде една друга димензија на мојата музика. Даниел Јовески повторно направи едно ремек видео со кое автентично и перфектно ја илустрираше мојата музика”, изјавува Никола Мицевски


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Руски рапер се самоубил поради Путин

Според странските медиуми, раперот Иван Виталиевич Петунин, попознат по уметничкото име Воки, извршил самоубиство поради …