Виталиј Кличко, некогаш најдобриот тешкаш во светот, а денес градоначалник на Киев, рекол дека е подготвен да земе оружје за да ги одбрани градот и Украина од руската инвазија што започна вчера.
„Ова е веќе крвава војна. Немам избор, морам да го направам тоа. Ќе се борам”, изјавил Кличко, кој ја заврши својата боксерска кариера со последната борба во 2012. година, а само две години подоцна стана градоначалник на главниот град на Украина.
View this post on Instagram
Веќе тогаш беше една од најистакнатите личности во борбата против зајакнувањето на врските со Русија, а денес заедно со неговиот брат Владимир, исто така жител на Боксерската куќа на славните, е подготвен да ја брани Украина со оружје од руската инвазија. Руските сили влегоа во Киев, каде што се водат улични борби. Украинските власти ги повикаа луѓето да останат во своите домови и да подготвуваат молотови коктели.
View this post on Instagram
„Рускиот претседател Владимир Путин користи воена реторика и јасно стави до знаење дека сака да ја уништи Украина и суверенитетот на нејзините граѓани. Неговите зборови се придружени со проектили и тенкови. Уништувањето и смртта стигнаа до нас. Ќе се бориме со сите сили за слобода и демократија“, изјавил вчера Владимир Кличко и го повикал светот да застане на страната на Украина.
Фото: Принтскрин/Instagram