(ВИДЕО+ФОТО) СЕ’ ЗА УБАВИНА – ПОПРВО БИ УМРЕЛА ОКОЛКУ БИДАМ ГРДА: Бизарен ТРЕНД ОД ИНТЕРНЕТ ПО КОЈ ДЕВОЈКИТЕ ПОЛУДЕА, А МОЖЕ СЕРИОЗНО ДА ИМ ГО ЗАГРОЗИ ЗДРАВЈЕТО!

За неколку месеци ќе ја замениме позатворената зимска гардероба, со летната, разлетана, која открива значително повеќе кожа. Соодветно на тоа, многу девојки ширум светот сакаат да бидат подготвени за преминот од студената во топлата сезона – со бронзен тен, поради што веќе почнуваат со солариуми.
Сепак, иако е познато дека солариумите и разните производи за самопотемнување не се најздравата опција, тие сепак се многу популарни. Сега, маркетот за убавина лансирал еден производ – спреј за нос, кој секој негов корисник ќе го потемни одвнатре!

@meganpxige #fyp #foryou #foryoupage #tan #nasalspray ♬ Purr Puthy – 𝔟𝔯𝔢🫀


„За 10 дена без солариум до совршен тен“, ветува овој бизарен производ, а експертите ги предупредуваат луѓето воопшто да не го користат!
Уште побизарно е тоа што производителите велат дека не мора да се прска само во носот, туку во кој било друг отвор на телото. Сепак, од разбирливи причини најчесто е нанесувањето низ ноздрите, но во секој случај треба да знаете дека овој производ е опасен!

@georgiafox11 Reply to @taylalou99 #foryou #sunbeds #tanningbed #tanned #nasalspray @2btanned ♬ original sound – Georgia fox


Многу инфлуенсерки од социјалната мрежа TikTok почнаа да го рекламираат овој производ, поради што неговата продажба „експлодираше“.
„Попрво би умрела отколку да бидам грда. Ако за ова ми требаат 10 години од животот, нека биде така, и онака не сакам да остарам“, вели една тик-токерка, која ги советува своите бројни придружници да го купат овој производ. .

@meganpxige #fyp #foryou #foryoupage #tan #nasalspray ♬ Purr Puthy – 𝔟𝔯𝔢🫀


Постои вистинска полуденост за овој производ, па многу девојки се убедени дека „ако го преживеале солариумот, ќе го преживеат и ова“, не сфаќајќи дека штетното дејство и на солариумот и на овој спреј не се моментални, туку може да се манифестираат многу подоцна.
Експертите веќе предупредуваат дека овие спрејови се состојат од многу нерегулирани и недозволени материи и дека можат да имаат последици по здравјето.
Една од главните состојки е меланотан, синтетичка хемикалија која го стимулира телото да произведува меланин. Покрај бројните нуспојави на меланотан кои се уште се истражуваат, засега е извесно дека, иако навистина го „потемнува“ телото, доведува и до зголемена ерекција.
Покрај тоа, вообичаените несакани ефекти од употребата на меланотан вклучуваат гадење, промени во крвниот притисок, главоболки и црвенило. Може да предизвика потемнување на младежите и пегите, а научниците се обидуваат да истражат дали може да доведе до меланом.
Меланотанот се уште се тестира и е една од нерегулираните супстанци, поради што корисниците на овие спрејови ги користат на своја рака, па концентрацијата и неговата интеракција со другите активни состојки е потенцијално опасна.
Бидејќи овој спреј се користи главно во ноздрите, несаканите ефекти се уште посилни.
„Назалните спрејови делуваат така што испуштаат фин облак течност во носната слуз, која е богата со крвни садови и обезбедува директен пат во крвотокот“, изјавила д-р Мери Тортон за huffpost.com.

This image has an empty alt attribute; its file name is antea-tonks.jpg
Антеа Тонкс (35) за „Дејли мејл“ изјавила дека го користела овој спреј неколку недели, поради што била хоспитализирана, бидејќи доживеала срцев удар поради несакани ефекти.
„Подготвував чај кога наеднаш ужасно ми се сврте, толку многу што врела вода си истурив на нозете. Се вратив во кревет мислејќи дека ќе бидам подобро, но на крајот бев хоспитализиран. Нема срцеви болни во моето семејство, водам релативно здрав живот. Се се сведува на тој спреј“, објаснува таа.
Инаку, овој спреј се користи со прскање во нос два пати на ден, а се користи од седум до десет дена. Многу инфлуенсерки го прскаат пред да одат во солариум, за да имаат најдобри можни резултати.
Реклами може да се најдат насекаде на Интернет, а британските лекари апелираат луѓето да не ги користат бидејќи нивниот состав не е доволно тестиран и дека нивната употреба во никој случај не се препорачува.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. зборови кои ќе го променат текот на вашата врска: Обидете се да го кажувате ова почесто и вашата врска ќе цвета

Три збора што треба да ги кажувате во врската… Еден љубезен збор отвора и железна …