Пејачите Махмуд и Бланко, кои годинава ќе ја претставуваат Италија на Евровизија, позирале целосно голи за новата насловна страница на италијанскиот магазин.
Имено, тие позирале целосно голи, а со рацете ги покриле најинтимните делови од телото.
Махмуд и Бланко споделија фотографија од насловната страница на магазинот на Инстаграм, а нивната објава за помалку од еден час собра 350.000 лајкови.
Да потсетиме, италијанските пејачи победија на 72. издание на култниот натпревар на италијанската музичка сцена, фестивалот во Санремо, со песната „Brividi“.
Набргу по објавувањето, Махмуд и Бланко на прес-конференција потврдија дека ќе ги бранат боите на Италија на овогодинешниот Евросонг во Торино, каде што во мај ќе се одржи престижниот европски музички натпревар, благодарение на минатогодишната победа на групата „Манескин“.
View this post on Instagram
Фото: Илустрација