СЗО ПРЕДУПРЕДУВА: Помалку случаи со помалку тестирања, бројот на починати од корона расте

Падот на стапката на тестирање за ковид-19 веројатно ќе придонесе за пад на пријавени случаи, дури и ако бројот на смртни случаи продолжи да расте, изјавила Марија Ван Керхове, директорка на техничкиот оддел за ковид-19 во Светската здравствена организација (СЗО).
„Во моментов, најголемата загриженост, според мене, е зголемениот број на смртни случаи“, рекла Ван Керхове за време на онлајн дискусија во живо на Твитер, Фејсбук и Јутјуб.
Таа навела дека само во последната недела СЗО пријавила речиси 75.000 смртни случаи од последиците на Ковид-19, а како што појаснила, познато е дека овие бројки се всушност поголеми од оние што се пријавени.
– Земјите кои тврдат дека кај нив е намален преносот на инфекции, веројатно забележале намалување на бројот на тестови, изјавил директорот на СЗО за вонредни ситуации Мајк Рајан.
Претходно оваа недела, СЗО ги повикал владите да ја подобрат стапката на вакцинација и брзо тестирање, бидејќи омикронските инфекции со корона вирусот се во пораст, особено во Источна Европа.
Неколку земји, исто така, објавиле планови за олеснување на ограничувањата на Ковид-19 во наредните недели доколку дневниот број на заразени продолжи да паѓа.
„Сега не е време државите да ги менуваат условите за изолирање на луѓето кои се позитивни на брзи тестови за антиген или ПЦР“, додал Рајан.
Во редовниот неделен извештај за пандемијата на СЗО, објавен доцна синоќа, се наведува дека минатата недела ширум светот биле пријавени нешто повеќе од 16. милиони нови инфекции со коронавирус и околу 75.000 смртни случаи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се Чесни вериги на Светиот апостол Петар

Чесни вериги на Светиот апостол Петар Овој ден се споменува заради веригите во коишто беше …