Ѓоковиќ ја открил вистинската причина поради која бил депортиран од Австралија

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ги открил вистинските причини поради кои е депортиран од Австралија.
Ѓоковиќ пристигна во Австралија на почетокот на јануари со медицинско ослободување и сакаше да учествува на Австралија опен.
Австралија му ја укина визата и по два обиди и повеќе од една недела во хотел за имиграција кој служеше како притвор, Ѓоковиќ беше депортиран и не играше на првиот Грен слем во сезоната.
Тој сега зборуваше за тоа во интервју за Би-Би-Си, како што и најави.

This image has an empty alt attribute; its file name is novak-so-trofejot-na-ao.jpg

loading...

„Разбирам дека има многу критики и разбирам дека луѓето излегуваат со различни теории за тоа колку имав среќа или колку сето тоа беше згодно. Но, никој не е среќен да добие корона. Милиони луѓе ја имаат и се борат со неа низ светот. Затоа сето ова го сфаќам многу сериозно и не ми се допаѓа некој да мисли дека сум злоупотребил нешто за да добијам позитивен ПЦР тест и да одам во Австралија“, вели Ѓоковиќ и продолжува:

This image has an empty alt attribute; its file name is novak-deportacija-1.jpg


„Навистина бев разочаран и тажен од начинот на кој се’ се заврши за мене во Австралија.Грешката во декларацијата за виза не е направена намерно.Таа беше прифатена и потврдена од сојузниот суд и самиот министер во Министерството за имиграција во Австралија. Она што малку луѓе го знаат е дека не сум депортиран од Австралија со образложение дека не сум бил вакциниран или прекршил некои правила.Сето ова е всушност одобрено.Причината што ме депортираа од Австралија е што министерот за имиграција го искористил своето дискреционо право да ми ја поништи визата на основа на перцепцијата дека би можел да создадам антивакцерско чувство во земјата или градот, со што потполно не се согласувам“, заклучил Новак.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАДАЛ НАСКОРО ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ? Поранешната шампионка на Вимблдон прогнозира дека Новак Ѓоковиќ ќе има најмногу грен слем титули!

Поранешната француска тенисерка Марион Бартоли верува дека Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши трката GOAT пред …