ОВИЕ ЧЕТИРИ НАМИРНИЦИ ГО ПРОДОЛЖУВААТ ЖИВОТОТ ЗА 13. ГОДИНИ: Една работа дефинитивно мора да исфрлиме од исхраната!

Неодамнешното истражување на холандските научници покажале дека некои намирници го продолжуваат животот поради исклучително богатите нутритивни вредности. Се разбира, доколку тие се редовно на нашето мени и под претпоставка дека се трудиме да водиме здрав живот.
Во последно време, особено поради последиците од пандемијата, се’ повеќе се посветува внимание на здравјето. Во морето на истражувања за исхраната, особено не заинтригираа резултатите од она за храната и нутритивните вредности кои го продолжуваат животот и до десет години, пренесува The Sun.
Во рамките на студијата, норвешките истражувачи го искористија постојното знаење за болестите за да изградат модел кој го проценува очекуваниот животен век врз основа на исхраната, кој покажал дека ако 20-годишните мажи во САД ја подобрат својата исхрана, би можеле да живеат 13. години подолго, а жените 10,7 години.
Иако истражувањата покажало дека префрлањето на здрава исхрана има поголемо влијание врз животниот век на помладите луѓе, дури и луѓето во шеесеттите би можеле да го продолжат својот живот и до девет години со префрлање на здрава исхрана, додека оние над 80 години би можеле да живеат три години подолго.
Според резултатите од истражувањето, храната која најмногу го продолжила животниот век е всушност достапна за секого, но можеби не ја доживуваме како извор на здравје. Од друга страна, онаа што треба да ја избегнуваме за многумина, за разлика од здравите, секојдневно е на менито. Па, да ги запознаеме.

This image has an empty alt attribute; its file name is lekja.jpg

loading...

1. Мешунките
Мешунките се богат извор на влакна, но повеќето луѓе не консумираат доволно од нив. Англиската национална здравствена организација препорачува дури 30 г мешунки дневно.
„Постојат силни докази дека консумирањето доволно влакна е поврзано со помал ризик од срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес тип 2 и рак на дебелото црево“, заклучиле истражувачите, додавајќи дека влакната помагаат во контролата на тежината бидејќи предизвикуваат ситост и ја одржуваат функцијата на цревата.
Овој ефект можете да го постигнете со конзумирање леќа, грав, наут, грашок или кикирики, а сите можете да ги додадете во чорби, кари и салати.

2. Интегрални житарки


Многу студии покажале дека јадењето интегрални житарки помага во одржување на здравјето и го намалува ризикот од заеднички болести предизвикани од лоша исхрана. Влакната што ги содржат обезбедуваат заштита на здравјето заедно со есенцијалните масни киселини, антиоксиданси и микронутриенти како бакар и магнезиум.

This image has an empty alt attribute; its file name is integralen-oriz.jpg


Најдобар ефект ќе ви дадат:
– Интегрални житарки, како што се мусли од цели зрна или овес од цели зрна
– Интегрален леб, леб од пченични никулци или семки
– Крекери од ‘рж или крцкав леб
– Интегрално брашно
– Кафеав ориз
– Тестенини од цели зрна
– Булгур пченица
– Киноа
– Плочки од цело зрно
– Колачи од ориз

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КАКО СЕ СОЗДАВА – Што е куќна прашина и зошто секогаш ја има во домот

Прашината во нашите домови е нешто како превртено огледало на нашите животи. Ги прикажува сите …