(ВИДЕО+ФОТО) Реакции на полувремето на Супер Боул: „Ова беше најдоброто музичко шоу досега“

„НАЈДОБРОТО музичко шоу во историјата на Супер Боул“, е коментарот што најчесто може да се види по шоуто на полувремето на овогодинешниот Супер Боул. Настапиле Еминем, Др. Дре, Кендрик Ламар, Снуп Дог и Мери Џеј Блајџ и 50 Сент и Андерсон Пак.


„ОМГ! Леле, леле, леле! Најдобро полувреме досега”, “Само дајте ни уште еден концерт, не ни треба второ полувреме”, „Ова е веројатно, заедно со Принс, најдобриот настап на Супер Боул досега”, „Како беше забавно ова полувреме, сакаме повеќе!“, „Какво шоу, ова е елита“, напишале ентузијастичките Американци на социјалните мрежи.

За време на шоуто песните беа изведени, по овој редослед:

The Next Episode – Dr. Dre feat. Snoop Dogg

California Love – Dr. Dre and Snoop Dogg (originally performed by Tupac)

In Da Club – 50 Cent

Family Affair – Mary J. Blige

No More Drama – Mary J. Blige

m.A.A.d City – Kendrick Lamar

Alright – Kendrick Lamar

Forgot about Dre- Kendrick Lamar, Eminem, Dr. Dre

Lose Yourself – Eminem

Still Dre – Dr. Dre feat. Snoop Dogg, Mary J. Blige, 50 Cent, Kendrick Lamar, and Eminem

Инаку, Еминем клекнал на сцената за време на неговиот настап на полувремето на Суперболот 2022. Овој чин означува форма на протест против полициската бруталност и расната нееднаквост.

Дел од американските медиуми пишуваат дека поради тоа имал проблеми со НФЛ, иако НФЛ тоа го демантираше.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Здрава и фит жена споделува четири симптоми на рак на тироидната жлезда кои ги игнорирала

На КРИСТИНА Мекнајт, која сега има 35. години, и бил дијагностициран рак на тироидната жлезда …