ДОКАЗ ЗА ЉУБОВ: Дури шест милиони луѓе го изговориле судбоносното ДА на Денот на вљубените

Најдобар ден да запросите некого или да се заколнете на вечна љубов
Денот на вљубените, Свети Трифун, или во западната верзија Валентиново, се слави низ целата планета на истиот датум, 14. февруари. Ден полн со внимание, романтика, љубовни подароци и заљубени погледи. Дали знаевте дека дури шест милиони луѓе се свршиле на овој ден?
Денот на вљубените традиционално се поврзува со непотпишани љубовни пораки, но и со цвеќиња, па не е чудно што на тој ден се продаваат рекорден број рози. И тоа, погодувате, црвените. Има, секако, слатки, накит, облека, честитки…
Денот на вљубените за повеќето луѓе е синоним за ден посветен исклучиво на љубовта. Иако во некои делови од светот се празнува уште од средниот век, кај нас е популаризиран дури на почетокот на 21. век, освен западните, овој ден го слави и Православната црква.

„Според најпознатата легенда поврзана со денешниот ден – Денот на вљубените, Свети Валентин тајно венчавал заљубени војници со своите избранички“


Бидејќи Рим тогаш строго го забранувал бракот тврдејќи дека оженетите мажи биле лоши воини, Валентин бил погубен од тогашниот римски император Клаудиј II. Во пораката што пред егзекуцијата и ја испратил на својата сакана, слепата ќерка на затворски чувар, стоел потписот: „Од твојот Валентин“. Во модерното време, Денот на вљубените го одбележуваат црвени фигури, играчки и слични подароци во форма на срце.

Неколку интересни статистики за Денот на вљубените
– Во светот во 2013 година за Денот на вљубените се продадени околу 200 милиони рози. Црвените рози се најпопуларни, па нивната цена во тој период дури тројно се зголемува.
– Околу 76. отсто од мажите купуваат цвеќе за своите убави половини за Денот на вљубените, а околу 15. отсто од жените си купуваат цвеќиња за себе.
– Освен цвеќиња, најпопуларни подароци за 47. отсто од луѓето се слатките, за 35. отсто вечерите во рестораните, за 17. отсто накитот, додека за 14. отсто е облеката. По најпопуларните рози, се продаваат лилјани и лалиња.


This image has an empty alt attribute; its file name is cveke.jpg
– Во САД во февруари се продавало накит во вредност од 2,6 милијарди долари, а тој ден биле подарени над 140 милиони популарни љубовни честитки.
– Денот на вљубените е најпопуларниот ден за свршувачка, па свршеничкиот прстен се става на раката на четири до шест милиони луѓе.
– Околу 20. отсто од жените сметаат дека 14. февруари е најромантичниот ден за свршувачка, додека 53. отсто од жените би ја прекинале љубовната врска доколку партнерот не им даде ништо на тој ден. Сепак, 30. отсто од жените сметаат дека Денот на вљубените е преценет, и дека тој е исклучиво комерцијален празник.
– Повеќе од 80. проценти од мажите обично,во последен момент, купуваат подарок за да не ја разочараат својата поубава половина.
– Во Јапонија на 14. февруари жените на мажите им подаруваат чоколадо, а тие не прифаќаат подароци. Денот кога мажите им подаруваат на жените е 14 март.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТРИК ШТО ГИ СПАСУВА БРАКОВИТЕ: Одвојте само пет минути дневно, доволно е…

Почетокот на љубовната врска е толку возбудлив. Тогаш сè уште уживаме во романтиката и нежноста …