(ФОТО) УБАВИНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА: ВРУТОК – одлично место за семејни, бизнис и туристички посети

Во југозападниот дел на работ на полошката котлина се наоѓа едно од најубавите села во нашата земја, каде заштитен знак е чистиот воздух, бистрата вода, речната пастрмка и гостопримството на луѓето.Доколку овие податоци на некој начин ве асоцираат на селото Вруток, воопшто не сте погрешиле.
Денес сме сведоци дека човекот е се повеќе притиснат од секојдневните обврскии изложен на стрес кои го наметнувааат современиот начин на живеење,па секогаш има потреба од одредена доза на мир и спокој.
Последиците од наметнатото брзо темпо се непријатни а често и делуваат исцрпувачки врз нашиот организам, затоа секогаш кога имаме можност трагаме за убави моменти, тие убави доживување можеме да ги почустуваме во шарпланинското селото Вруток.Вистински простор за одмор со вистински пријатели или релаксирани смејни дружења ги нуди селото Вруток.

This image has an empty alt attribute; its file name is vrutok-3.jpeg

loading...

Оваа рурална населба располага со чист воздух, убава шарпланинска вода, еколошка храна, скриени пешачки патеки помеѓу околните листопадни шуми, неколку манастири, стара архитектура, легенди, преданија и многу други нешта. Сите овие вредности го прават привлечно селото за посета во текот на целата година.

Дополнителна предност е поволната географска местоположба и добрата географска поврзаност со градот Гостивар. Селото Вруток е лесно пристапно за посета поради релативно добрата инфраструктура. Од Скопје може да се стигне до селото Вруток по магистралниот пат М4 поминувајќи го градот Гостивар и наместо да се продолжи кон магистралниот пат кон Кичево и Охрид се врти кон десно по локалниот пат каде се поминува покрај селото Здуње, Равен и се стигнува до Селото Вруток. На самиот влез од селото ќе ја поминеме хидроцентралата Вруток и од левата страна се наоѓа манастирот Св Мина со растораните во непосредна близина „Кај Симе„ и „Бигор“.


This image has an empty alt attribute; its file name is vrutok-6.jpeg
За гурманите, селото располага со голем број угостителски објекти каде се служи традиционални и вкусни специјалитети. Убав поглед може да се долови од ресторанот Панорама и Пронто каде во пријатно атмосфера со вашите блиски може да го набљудувате изворот на реката Вардар и уникатните пејзажи, доколку сакате да го слушнете жуборот на водата додека уживате во вашиот омилен оброк на располагање е ресторанот три Бурими. Селото има неколку рибници каде се одгледува различен тип риба.Пастмката се приготвува на два начина отворен начин со извадени коски и затворен начин. Во вруточките ресторани доколку имате желба можете сами си ја одберате риба која ќе ја приготват и за кратко време ќе се најде на вашата трпеза. Приготвувањето и сервирањето е главен адут за локалните угостители.

This image has an empty alt attribute; its file name is vrutok-hrana.jpg
Освен рибата на вруточкото мени може да се вкусат и месо под сач, печено јаре, шарпланинско овчо сирење, качамак, галички кашкавал и традиционални десерти. Доколку почуствувате потреба од рекреација и имате желба за активност и трошење калории, за таа цел има неколку патеки за пешачење. Особено се издвојува патеката која води од изворот на реката Вардар до градскиот парк во Гостивар. Оваа патека е популарна помеѓу локалните рекреативци која ја практикуваат за време на викендите. Друга патека води од селото Вруток преку селото Речане до селото Орќуше, за поупорните рекреативци може да се продолжи со пешачење до одмаралиштето Бунец во националниот парк Маврово.


This image has an empty alt attribute; its file name is vrutok-1.jpeg
Ако вашиот избор е разгледување на селото без подолги рекреативни прошетки тогаш професор Дарко Оносимоски ви препорачува да ги посетите убавите манастири Света Мина и Свети Архангел Михаил, исламските бекташиското тече и Шелериско теќе, Џамијата на сред село или да го погледнете изворот на нашата најголема река Вардар. Исто така во непосредна близина на селото се наоѓаат и археолошките локалитети Лазови, Бигор и Селиште.

This image has an empty alt attribute; its file name is v-9.jpeg
Селото е поделено на седуммаала и тоа горно или маџоско (маџалари) маало,Срејно или Рупадок, Долно мало, Ѓаковско, Шееско, Прекувардар и Баба Мусино. Доколку сакате да поразговарите со некои од мештаните од селото тие се пријателски расположени секогаш да ви раскажуваат многу легенди и преданија кои се поврзани со ова село. Дел од многуте легенди се поврзани со карпата која се вика „бабајстарец“ за камењата кои личат на скаменети баба и старец и за култниот невестиниот камен кој личи на скаменета невеста. Во манастирската црква Св Мина која потекнува од средниот век постојат многу легенди, но нека остане легендата поврзана со крстот во средновековниот манастир Света Мина неоткриена и нераскажана во оваа статија. Нека приказната со крстот во Света Мина биде уште еден предизвик да одвоите време и разговарате со Вруточани и на тој начин да ја задоволите љубопитноста и знаењето за историјата, мистичните приказни и легенди поврзани со ова село.

This image has an empty alt attribute; its file name is vturok-2.jpeg

Во минатото селото го посетиваа ученичките екскурзии каде главно беа разгледувани хидроцентралата и изворот на реката Вардар. Денес радува податокот дека секој викенд Вруток станува магнет за голем број гости од различни места од нашата земја но исто така и се побројни се туристите кои доаѓаат надвор од границите на Р.Македонија.

Автор на текстот и фотографиите – професор Дарко Оносимоски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што е СЕКСОДУС? Овој „ТРЕНД“ го зафати светот и се помалку луѓе водат љубов…

Пандемијата на корона вирусот во голема мера влијаеше на нашите животи, особено на здравствениот сегмент, …