(ВИДЕО) Арнолд Шварценегер и Салма Хајек направиле хит од рекламата за БМВ

За овогодинешното издание на Super Bowl, производителите на автомобили одлично се подготвија, а се чини дека најдобрата реклама ја направи BMW.
Веќе со објавата беше јасно дека се работи за реклама за која долго ќе се зборува. Како и нема кога Арнолд Шварценегер е во главната улога, како грчкиот бог Зевс. Неговата сопруга Хера е отелотворена од друга филмска легенда – Салма Хајек. Таа ќе се обидат да го промовираат најновиот електричен SUV на BMW.
„Хуморот е во тоа што легендарниот бог на небото и громот, кој се смета за бесмртен, се бори со конвенционалната домашна електроника“, објаснува Шварценегер.
„Ова е мојата прва реклама за Супер Боул и прва што ја играм во улогата на божица“, вели Хајек.

loading...

Ако на сè се додаде и врвната продукција, јасно е дека оваа реклама би можела да биде прогласена за најдобра во овогодинешното издание на Super Bowl, кој се одржува оваа недела. А конкуренцијата е жестока затоа што редовно тоа е најдобрата и најскапата реклама во годината. Впрочем, тоа е еден од најгледаните спортски настани на светот.
Во секој случај, да се надеваме дека Хера со изборот на електричниот BMW успеа да врати искра во животот на пензионираниот Зевс кој деновите ги поминува во Палм Спрингс.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто некои луѓе нè НЕРВИРААТ БЕЗ БИЛО КАКОВ ПОВОД? Психолозите даваат објаснување!

Одговорот на ова прашање всушност лежи во нас самите Речиси секој знае некои луѓе кои …