Менопаузата е период во животот на секоја жена кога постои ризик да се соочи со различни непријатни симптоми како несоница, топлотни бранови, зголемено потење, дебелина, нагли промени на расположението, хормонална нерамнотежа итн.
За да ги намалите непријатните симптоми на менопаузата и да уживате во овој период, важно е да применувате одредени навики, пред се во начинот на исхрана и физичката активност.
Ви пренесуваме рецепт за напиток кој содржи состојки кои се богати со витамини, минерали и хранливи материи кои се важни за жената во менопауза.
Клучната состојка на овој пијалок е зачинот куркума, моќен фитоестроген, антиоксиданс и антиинфламаторно растение.
Овој пијалок помага да се врати рамнотежата и хармонијата низ телото. Додавањето црн пипер го подобрува ефектот на хранливите материи и позитивно влијае на метаболизмот, а лененото семе благотворно делува на хормоните.
Состојки:
1 банана
1 јаболко
1 лажица свеж сок од лимон
½ лажичка куркума
прстофат мелен црн пипер
1 лажичка мед
1 шолја бадемово млеко
1 лажица кокосово масло
1 лажичка афион во прав
2 лажици ленено семе
Подготовка: исечкајте ги состојките и сè ставете во блендер. Мешајте додека не добиете единствена смеса и пијте ја за ужина или пред појадок. Ќе ви даде енергија и ќе направи да се чувствувате здрави, расположени и ќе ви помогне да ја вратите рамнотежата во вашето тело.