(ВИДЕО) 13. ГОДИНИ СО ЛАНЦИ БИЛА ВРЗАНА ЗА СТОЛ, ЈА ТЕПАЛЕ И ХРАНЕЛЕ САМО СО ТЕЧНОСТ: Приказната за ова девојче потресува до срж!

Приказната за Џини, наречена „Диво дете“, е приказна за човечката суровост и бруталност.
Џини стана позната во светот како „диво дете“. Но, ова не е приказна за девојче кое пораснало во дивината, туку за најлошиот случај на злоупотреба на деца.
Џини Вајли од Калифорнија ги држела рацете пред себе и скокнала како зајак кога ја пронашле социјалните работници.
Иако имала 13. години, покажала менталната возраст на бебето, а по деталните прегледи експертите изјавиле дека ова е најтешкиот случај на злоупотреба на деца што го виделе досега.
Станала позната како „диво дете“, но не затоа што живеела во дивина, туку затоа што татко и ја држел врзана во темна соба и ја казнувал за секоја врева.
Девојчето било немо и не знаело да џвака. Покрај тоа што била постојано лута и вознемирена, таа никогаш не плачела. Девојчето покажало разбирање само со спомнувањето на нејзиното име и двете фрази „стоп“ и „не повеќе“. Таа била ненормално бледа и неухранета.
Случајот „Диво дете“ на Џини стана познат низ светот како еден од најстрашните примери на злоупотреба и запоставување на деца откриени некогаш во САД.


Од 1958. година, таа била затворена во спалната соба од куќата бидејќи нејзиниот татко Кларк Вајли се сомневал дека таа е ментално хендикепирана. Тој бил човек кој сакал се да контролира, мразел бучава и не сакал да има деца.
Џини бил спасена во 1970. година, а истражителите откриле дека Кларк воопшто не разговарал со својата ќерка, а истото им го наредил на сопругата Ајрин и синот Џон.
Од 20. месец Џини била врзана со кушула, а преку ден седела во тивка и темна просторија. Со синџир била врзана за стол со дупка за нокшир или за лулка која одамна ја надраснала. Кога била ослободена на 13. години, сè уште носела пелени. Ноќите ги поминувала на жичен кревет, а ја хранеле само со течност.
Кларк ржел и лаел по ќерката како куче, а кога таа би направила врева, тој би ја претепал со стап.
Исцрпена, исплашена и со оштетен вид, таа конечно побегнала од куќата на ужасите во 1970. година.
Поради катаракта, по грешка влегла во погрешна канцеларија за социјална работа за инвалидска пензија, а социјалниот работник ја забележал Џини.
Нестабилно стоела на нозе, а екстремитетите и се грчеле и рацете ги држела пред телото како зајак. Тогаш била откриена страшната судбина на ова девојче.
Кларк Вајли бил обвинет дека го запоставил детето, но се самоубил на денот на судењето. Тој оставил порака со следнава содржина: „Светот никогаш нема да разбере“, пренел Гардијан.


Оваа приказна се прошири низ целиот свет, а беше снимен и документарниот филм „Тајната на дивото дете“ награден со Еми.
По долг престој во болница, девојчето поминало низ згрижувачки семејства, а експертите продолжиле да го следат нејзиниот раст и однесување.
Тие семејства ја малтретирале и злоставувале. Во едно од нив, таа била строго казнета поради повраќање, па добила страв од отворање на устата и повторно престанала да зборува.
Во 2016 година, се појавиле информации дека Џини живеела во државен дом за стари лица, приближувајќи се до нејзиниот 60-ти роденден.
Денес не се знае каде се наоѓа.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. зборови кои ќе го променат текот на вашата врска: Обидете се да го кажувате ова почесто и вашата врска ќе цвета

Три збора што треба да ги кажувате во врската… Еден љубезен збор отвора и железна …