ТРОШЕТЕ ГИ ДОДЕКА ГИ ИМА – ШТЕТА Е ДА СЕ ФРЛА ХРАНА: Намирници кои не се за во канта за ѓубре – ова можете да го јадете и ПОСЛЕ ПОМИНУВАЊЕ НА РОКОТ НА ТРАЕЊЕ!

Не постои човек кој барем еднаш во животот не помирисал храна за да провери дали одредена намирница е расипана или се уште може да се користи. Секако, кога станува збор за безбедноста на храната, секогаш треба да внимавате, особено ако се работи за дете, постара личност, трудница или ако сте со лоша здравствена состојба. Сепак, има и намирници кои не мора да завршат во ѓубре веднаш по истекот на рокот и кои можат да се користат без страв. Еве некои од нив…

Оцет
Рок на траење на оцетот е речиси бесконечен. Естетските промени, како што е промената на бојата, може да се појават кај видовите оцет кои не се бели, но не грижете се, таков производ е сè уште безбеден за употреба.


Кафе
Пакувањето на меленото кафе трае три до пет месеци по истекот на рокот, а на ова во зрна е околу половина година.

This image has an empty alt attribute; its file name is kiseli-krastavicki.jpg


Кисели краставички
Неотворена тегла кисели краставички може да стои во фрижидер и до една година, а истото важи и за маслинките.

Meд
Медот го задржува својот квалитет додека не го конзумирате. Во превод, оваа храна нема рок на траење.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепти) ЗЛАТНА ТРОЈКА за долговечност: Мед, цимет и вода за зачувување на здравјето на ЦЕЛИОТ ОРГАНИЗАМ – Ќе се ШОКИРАТЕ што се’ лекува!

Комбинацијата на мед и цимет е особено важна за проблемите со срцето, и се препорачува …