(ВИДЕО+ФОТО) ПРЕПОТЕНТНО: Надал на Отвореното првенство на Австралија носел часовник од 2. милиони евра

Шампионот на Австралија опен, шпанскиот тенисер Рафаел Надал го носел најскапиот часовник досега виден на тениските терени за време на турнирот.

Станува збор за рачно изработен часовник на луксузниот бренд „Richard Mille“, кој вреди повеќе од 2. милиони евра!


Луксузниот модел „RM 27-04 Tourbillon Rafael Nadal“ е специјално направен за шпанскиот тенисер. Овој модел е направен во само 50. примероци.
Надал не го вади ниту додека ги игра своите натпревари.

„На почетокот тоа беше прилагодување, моравме тесно да соработуваме за да го прилагодиме часовникот на мојот зглоб. Сега тој стана дел од мојата кожа, како да немам ништо на себе”, открил во една прилика Надал.

Инаку, цената на часовникот, како што може да се види на најголемиот сајт за тргување со луксузни модели, е 2.280.000 долари, што би било околу 2 милиони евра.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто некои луѓе нè НЕРВИРААТ БЕЗ БИЛО КАКОВ ПОВОД? Психолозите даваат објаснување!

Одговорот на ова прашање всушност лежи во нас самите Речиси секој знае некои луѓе кои …