Во Хрватска потврдена нова подваријанта на омикрон

Откако во четвртокот во Словенија беа потврдени два случаи на нова подваријанта на вирусот омикрон, наречена BA.2, Министерството за здравство потврдило дека подваријантата е откриена и во Хрватска.
„Во моментов се потврдени пет случаи со омикронската подваријанта BA.2. Во тек е епидемиолошка обработка на заболените како и блиски контакти, а по собирање на сите релевантни информации јавноста ќе биде информирана“, изјавил министерот Вили Берош за N1.
Споменатата подваријанта е веќе забележана во Данска и нејзините карактеристики се уште не се истражени и јасни, но според некои податоци е уште позаразна од претходните соеви, но не предизвикува посилни симптоми, пишуваат словенечките медиуми.
Најмалку 400 луѓе се заразиле со подтипот BA.2 во Обединетото Кралство во првите десет дена од јануари. Постоењето на новиот подвид е веќе докажано во повеќе од 40. земји. Во пописот ПАНГО се наведува дека 79. отсто од досега докажаните инфекции со овој сој се потврдени во Данска. Следуваат Обединетото Кралство (6%), Индија (5%), Шведска (2%) и Сингапур (2%).
Брзото ширење на овој подвид сугерира дека тој би можел да биде уште позаразен од првата варијанта на сојот омикрон BA.1. Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA) го класифицираше BA.2 како „сој кој се набљудува“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Селена Гомез објаснила каква е нејзината здравствена состојба откако било забележано дека и се тресат рацете: Актерката продолжува да се бори по трансплантацијата на бубрег

Селена Гомез (30) неодамна сподели видео на Тик Ток, а нејзините обожаватели забележале дека рацете …